Ураганот Рафаел минува над Кајманските острови, во Карипско Море


Ураганот Рафаел минува над Кајманските Острови, британска прекуморска територија во западното Карипско Море, а синоптичарите прогнозираат дека брзо ќе добие на јачина пред да се премести над копното на западна Куба, соопшти американскиот Национален центар за урагани(НХЦ).

Ураганот Рафаел достигна максимална брзина од 130 километри на час откако во вчера мина покрај западна Јамајка, а моментално се наоѓа на околу 95 километри источно од островот Гранд Кајман, јавија британските медиуми.

Локалните медиуми пренесуваат дека Кајманските острови се подготвени за ураганот: училиштата се затворени, а комуналните служби се подготвени за катастрофи.

Во Јамајка ураганот донесе обилни дождови, но за среќа нема повредени, соопштија властите.

Рафаел може накратко да ослабне над Куба, но потоа се очекува да се појави во југоисточниот Мексикански Залив како ураган, соопшти НХЦ.

Поради ураганот производителите на нафта и гас почнаа да ги повлекуваат работниците од платформите во американскиот Мексикански залив. Производството може да се намали за  меѓу 3,1 и 4,9 милиони барели нафта, предвидуваат експертите.