Унгарија обвинета за илегални субвенции за провладините медиуми


 Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е обвинета дека на провладините медиуми незаконски им доделила повеќе од милијарда евра субвенции, што дополнително се зголемија стравувањата дека државната поддршка се користи за зајакнување на моќта на унгарскиот лидер.

Два унгарски медиуми – „Маџар ханг“ („Унгарски глас“) и еден кој побара да остане анонимен, имаат намера, како што е кажано за „Фајненшл тајмс“, денеска да поднесат жалба до Европската комисија поради нелегални субвенции за одредени медиуми.

Во тие медиуми, тие тврдат дека меѓу 2015 и 2023 година, рекламирањето биле насочено кон про-Орбанови весници, телевизиски станици и онлајн платформи со цел да се обезбеди поддршка за владејачката партија и да се потисне критичкото новинарство.

Орбан, најпрорускиот лидер во ЕУ, со години се расправа со Унијата за владеењето на правото. Брисел постојано замрзнуваше и враќаше средства, а судовите на Унијата пресудија против потезите на Орбан насочени кон ограничување на независноста на судството, медиумите и образовниот систем, потсетува „Фајненшл тајмс“.