Унгарците масовно гласаат, излезноста до 11 часот речиси 38 отсто


На денешните парламентарни избори во Унгарија до 11 часот гласале 37,98 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија.

Според податоците објавени на веб-страницата на Националната изборна канцеларија, за гласањето биле регистрирани 7.527.742 избирачи, а до 9 часот излезноста изнесувала 16,89 отсто.

Изборите би можеле да стават крај на 16-годишното владеење на популистичкиот премиер Виктор Орбан, а нивното значење се оценува како важно не само за земјата, туку и за Европска Унија.

Главните кандидати, Орбан и неговиот ривал Петер Маѓар, утрово соопштија дека го оствариле своето право на глас.