Украинската делегација имала разговор со советникот на Трамп
Украинска делегација синоќа се сретна со високи претставници на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави за американски медиуми извор запознаен со состанокот.
Делегацијата ја предводеше Андриј Јермак, близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Состанокот се одржал во Вашингтон со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц и неговиот пратеник во Украина Кит Келог, изјави изворот. Транзицискиот тим на Трамп не одговори на барањето за коментар на состанокот.