Украина: Пијани полицајци пукале во лименки пред зграда и убиле дете


Украинските полицајци Иван Приходко и Володимир Петровец беа уапсени под сомнение дека, додека пијани пукале во лименки и шишиња во двор на станбената зграда, го убиле петгодишниот Кирил Тлиав.

Момчето беше однесено во болница во неделата со повреди на главата и почина во понеделникот, објави Би-би-си.

Поради овој случај, стотици граѓани организираа протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи носејќи плакати на кои пишува „Полицијата ги убива луѓето“.

Граѓаните останаа протестираат до доцна минатата ноќ барајќи откази за целата управа на регионалната полиција. Шефот на полициската станица во регионот Киев си поднесе оставка и побара трансфер во друг регион.