УЈП ќе работи од 10 до 12 со странки на сите шалтери, препорачува електронска услуга


Управата за јавни приходи – УЈП го ограничува времето за прием на странки од 10 до 12 часот во генералната, регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите, со цел елиминирање на секоја можност за ширење и коронавирусот.

УЈП ги советува граѓаните и даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги е-Даноци, е-Персонален данок,  МојДДВ, kontaktcentar.ujp.gov.mk, како и да контактираат со УЈП преку е-пошта: [email protected]  и  и телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксна) и 02 3253 200(од сите оператори).