Ученик пукал во соученици во Мемфис, рането едно дете


Едно момче е потешко рането денеска кога во училиште, во сојузната американска држава Тенеси, дошло до пукање.

Според полицијата, пукањето се случило во училиштето „Камингс“ во Мемфис, каге учат деца до осмо одделение, пренесе АП.

Ранетото момче е префрлено во болница и е во критична состојба, а властите соопштија дека се трага по друг ученик, за кој се верува дека пукал.

Не е објавено на која возраст се напаѓачот и жртвата, иако медиумите шпекулираат дека рането е 13-годишно момче и дека напаѓачот е во притвор.

Училиштето во оклугот Шелби е затоврено, а родителите се информирани за инцидентот, додека од фотографиите од местото на нападот се гледа големо присуство на полиција пред училишниот објект.