Убиен палестинскиот „Пеле“ додека чекал ред за храна


 Сулејман Ал-Обеид, еден од најпознатите фудбалери во историјата на палестинскиот спорт, трагично го загуби животот во израелски напад во појасот Газа. Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Палестина, опишувајќи го нападот како „брутален“.

 
Популарниот Ал-Обеид, познат и по прекарот „Пеле“ поради својата голгетерска умешност, имаше 41 година и беше убиен додека чекал хуманитарна помош во јужниот дел на Газа. Зад себе остави пет деца и богата фудбалска кариера со повеќе од 100 голови, од кои многу беа исклучително важни за палестинската репрезентација на меѓународната сцена.
 

Фудбалскиот сојуз соопшти дека бројот на загинати фудбалски работници од почетокот на воениот конфликт веќе достигна 321, меѓу нив играчи, тренери, судии, административци и спортски функционери.

Ал-Обеид ќе остане запаметен како симбол на палестинскиот спортски дух и борбеност, но и како аосурдна жртва на еден трагичен и сè уште нерешен конфликт.