Уапсен лекар што живее во САД за убиството на претседателот на Хаити


Полицијата од Хаити објави дека го уапсила осомничениот организатор на убиството на птерседателот Жовенел Моис.

Уапсениот е лекар од Хаити кој живее на Флорида, САД, рече полицискиот наредник Леон Чарлс, на конференција за новинарите. Наводно, осомничениот добил повик од убијците по атентатот. Лекарот е трет американски државјанин од вкупно 21 приведен по убиството на Моис, а за сега се смета за мозок на операцијата.

Другите двајца, исто така, наводно живеат на Флорида. Таа американска држава е околу илјада километри оддалечена од Хаити. Останатите 18 осомничени кои се во притвор се по потекло од Колумбија. Полицијата вели дека 26 колумбиски платеници биле вклучени во убиството на претседателот, а од нив тројца се убиени.

Сопругата на претседателот е тешко ранета во нападот

Потсетуваме, 53-годишниот Моис убиен е минатата среда во својата резиденција во Порт о Пренс. Неговата сопруга Мартине е тешко ранета и превезена на лекување на Флорида. Причините за нападот се уште не се познати.

Моиз, кој владееше со земјата од 2017 година, беше многу непопуларен. Обвинет за корупција, врски со банди и автократска тенденција. осиромашената карипска држава веќе ја зафати борба за моќ. Двајца се прогласија за привремени премиери, а сенатот во петокот го избра својот челник како привремен наследник на Моис.

Претседателските и парламентарните избори во Хаити се најавени за септември.