Туристка се бори за живот во популарно одморалиште: Каснување од комарец предизвика инфекција, а сега е во кома


На интернет е започната хуманитарна кампања за помош на туристка која е во болница во критична состојба откако се заразила за време на семеен одмор на Тенерифе.

Ема Хики од Даблин патувала со својот сопруг Стивен и нивните две деца на одмор во Тенерифе. Тоа требало да биде нивниот „заслужен семеен одмор“. Сепак, набргу по пристигнувањето во популарното одморалиште, патувањето од соништата се претворило во вистински кошмар. Поради инфекција предизвикана од убод од комарец, таа паднала и се здобила со сериозна повреда на главата, поради што паднала во кома.

Според семејството, Ема паднала на тротоарот и ја удрила главата од плочките. Иако инцидентот се случил уште во јуни, хуманитарна акција е започната дури сега, поради што приказната станала позната во јавноста.

Ема претрпе сериозна повреда на главата и веднаш беше однесена во болница, каде што е во индуцирана кома. Ја очекува „долго, неизвесно и исклучително тешко“ закрепнување, а нејзините пријатели започнаа кампања GoFundMe за да му помогнат на семејството во овој тежок период.

„Нашата драга Ема е сериозно болна на Тенерифе. Одморот што требаше да биде одмор од секојдневниот живот се претвори во кошмар. Убод од комарец предизвика инфекција, поради што падна и ја удри главата на тротоарот. Таа претрпе сериозна повреда на главата и сега е во индуцирана кома. Лекарите потврдија дека ја чека долг и тежок пат до закрепнување“, напиша нејзината пријателка Карен Вилан, која ја започна акцијата за собирање средства.

Локалните власти ги повикаа туристите и жителите на Канарските Острови да бидат претпазливи во врска со убодите од комарци, особено во потоплите месеци кога се зголемува бројот на инфекции.