Три работи откриваат дали јаболкото е затруено со хемија


Фото: Б. Грданоски

За да може плодот да трае подолго во зима, често јаболката се третираат со парафин, кој се добива со преработка на масло. Проблемот со оваа состојка е што е тешко да се преработи, дури ни црниот дроб не е во состојба да ја раствори оваа леплива маса.

Парафинот најчесто се користи за јаболка, па затоа е многу важно да научите како да ги изберете најдобрите примероци и да ги минимизирате штетните ефекти на оваа состојка.

Еве на што треба да внимавате при купувањето:

Обрнете внимание на бојата
Претерано светлата боја на јаболкото е предупредувачки знак, исто како и кога е „совршено“ изедначена. Сето ова укажува дека плодот претрпел силен хемиски третман. Затоа, најдобро е да изберете овошја кои не се премногу светли, кои всушност се помалку привлечни за око, но изгледаат поприродно.

Проверете дали јаболкото е оштетено
Јаболкото веќе е расипано доколку на неговата површина се приметува скапано, темнокафени флеки кои се прилично меки на допир. Меѓутоа, помалку дамки или избледена кора воопшто не значи дека јаболкото е „лошо“, туку тоа е природна карактеристика на еден зрел плод.

Нежно избришете го местото каде се наоѓа сомнителната дамка и уверете се дали навистина станува збор за нешто гнило, а не нешто валкано. Трагите од удари може да бидат помали и плитки, па нема да биде проблем да ги отстраните со нож. Но, доколку на јаболкото постои голема вдлабнатина или поголема мека површина, тогаш најверојатно е труло и тоа не само на површината.

Погледнете ја кората на овошјето
Кората на јаболкото не само што е цврста, туку и сува и не треба да биде леплива. Ова е показател дека јаболкото не е третирано со восок или парафин. Постојат неколку едноставни начини да се отстрани парафинот. Најлогичниот е да ја излупите кората. Второ, овошјето можете да го ставите во сад, да истурите вода и така да го оставите да отстои околу еден час. На овој начин штетните материи ќе се растворат и ќе излезат на површината. И на крај, можете да навлажните салветка со јаболков оцет или лимонов сок и да го избришете плодовите.