Третина од светските туристички места затворени поради корона вирусот


Во светот, во моментот, за меѓународни доаѓања потполно се затворени третина од туристичките одредници затота што појавата на новите варијанти на вирусот Ковид-19 поттикна многу влади да сменат напорите на ублажување на тие ограничувања, јавија во понеделникот од Светската туристичка организација UNWTO.

Според нив, најмногу затворени одредници за меѓународни туристички доаѓања има во Азија и во Океанија како и во Европа, а иако претходните извештаи на UNWTO за ограничените патувања (кои даваат преглед за 217 одредници ширум светот) покажуваа поместување кон ублажување или укинување на ограничените патувања, новиот извештај сепак покажува дека сериозноста на епидемилошката состојба ги натера владите на внимателен пристап.

„Од почетокот на февруари во светот има 32 отсто затоврени локации за меѓународен туризам, Од нив, нешто повеќе од половина се затворени најмлаку 40 недели. Истовремено, 34 отсто од одредиштата сега само делумно се затоврени за меѓународни туристи“, велат од UNWTO.

Главниот секретар на UNWTO Зураб Полиликашвили вели дека ограничените патувања се широко прифатена мерка за ограничување на ширењето на вирусот, но се смета дека и дека, кога туризмот се обидува повторнод а се крене, мора да се сфати дека тие ограничувања се само дел од решението.

„Ограничувањата мора да се темелат на најновите податоци и анализи и доследно да се следат за да се овозможи сигурно и одговорно повторно покренување на сектрот од кој зависат милиони претпријатија и работни места“, порача Полиликашвили.