Трамп: Папата беше добар човек. Се согласувам со неговите пораки за мигрантите, навистина


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се уште не одлучил дали ќе присуствува на погребната церемонија на папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Сè уште не знам. Ќе бидеме информирани за деталите“, им рече Трамп на новинарите за време на велигденската служба во Белата куќа.

На прашањето дали сака лично да присуствува на погребот, Трамп одговори: „Не знам. Морам да видам како ќе се одвива времето. Само што ги спуштивме знамињата“. Трамп нареди сите знамиња да бидат спуштени на половина копје во чест на починатиот папа.

Иако папата Франциско ја критикуваше политиката на Трамп кон мигрантите за време на неговиот понтификат, американскиот претседател сега нагласи дека ја поддржува пораката на папата за толеранција кон мигрантите.

„Да, се согласувам. Навистина се согласувам“, рече Трамп. Зборувајќи за наследството на папата Франциско, Трамп додаде: „Тој беше многу добар човек кој го сакаше светот. Тој особено ги сакаше луѓето кои минуваа низ тешки времиња. Тоа ми е многу важно“.