Трамп, Макрон, Зеленски… и многу други светски лидери ќе бидат на погребот на Франциско


Верници пристигнуваат на плоштадот Свети петар во воторникот изутрина (Фото: АП)

 

Многу светски лидери најавија дека ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско што треба да се одржи в сабота. Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на ноќта изјави дека планира да отпатува во Ватикан на погребот на Франциско.

Во објавата на Truth Social, тој рече:

„Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциско, во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму“

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, само што потврди дека ќе присуствува на погребот, зборувајќи пред новинарите во Сен Дени де ла Реунион, каде што е на патување во странство.

„Ќе присуствуваме на погребот на папата како што треба“, рече тој, пренесе АФП.

На погребот се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави за АФП извор од претседателството.

Очекувајте дипломатската листа брзо да расте во наредните денови, при што повеќето земји ќе ги испратат своите шефови на држави или влади да му оддадат почит на Франциско – создавајќи потенцијален простор за состаноци на високо ниво на маргините на погребот.

Денеска Ватикан објави фотографии на папата како лежи во отворен ковчег во една капела во Ватикан. Се очекува во текот на денот ковчегот со папата Франциско да биде изложен во катедралата Свети Петар за да може луѓето да се простуваат од него.