Трамп ќе оди на погребот на папата Франциско

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да отиде на погребот на папата Франциско, кој почина вчера на 88 -годишна возраст.
„Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциско во Рим“, напиша Трамп за социјалната мрежа Social Truth.
Американскиот претседател претходно вчера нареди да се спуштат знамињата на половина копје на сите јавни згради во САД во чест на папата Франциско, кого го нарече „добар човек кој вредно работеше“.
Датумот на последеното испраќање на папата Франциско сè уште не е познат.
Папата често пати ја критикуваше анти -имигрантската политика на американскиот претседател.