Трамп играл голф во оклопно возило, отпорно на снајперски куршуми, на својот имот во Шкотска


За време на престојот во неговото одморалиште „Трамп Тарнбери“ во Шкотска, Доналд Трамп играл голф возејќи се низ теренот во специјализирано возило за кое подоцна се откри дека припаѓа на тајната служба и било оклопно за потребите на американскиот претседател.

Додека остатокот од неговата придружба се возеше низ голф теренот во класични возила што ги користат голферите, возилото на Трамп со затемнети прозорци привлече внимание од првиот ден.

Престојот на американскиот претседател во Шкотска е проследен со строги и обемни безбедносни мерки, не оставајќи ништо на случајност.

Во текот на првите денови од престојот, Трамп се возеше низ голф теренот во црн Polaris XP 1000 Ranger UTV со посебна балистичка заштита, чија цена се проценува на речиси 190.000 долари.

„Тајната служба на САД користи различни алатки и ресурси за да ги заштити нашите клиенти. За да се одржи оперативната безбедност, Тајната служба не ги дискутира специфичните средства и методи што се користат за спроведување на нашите заштитни операции“, соопшти Тајната служба на САД.

„Поларис Ренџер X“ го користат војската, органите за спроведување на законот и многу други агенции за теренски транспорт. Основната верзија се продава за околу 20.000 долари.

Од друга страна, по почетната безбедносна процедура, Трамп вчера почна да вози класично голф возило на голф терените, што веројатно ги намали некои од безбедносните мерки на неговата сигурност.

Во своето одморалиште, Трамп се сретна со британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

(Видео) Драма на лет за Глазгов: Се закануваше со бомба и извикуваше „Алаху Акбар“. Го совлада човек од нашите краишта