Тотален хаос со вакцините во ЕУ – Макрон ги отпиша, Германија има вишок

Само што се усогласија Брисел со фармацевтската компанија „АстраЗенека“, нејзините вакцини повторно доцнат. Покрај тоа, се појави вишок од вакцините затоа што Макрон ги „отпиша“.
За што се работи? Приказната почна пред неколку месеци, кога се покажа дека „АстраЗеменка“ нема да успее да ги испорача нарачаните вакцини против корона вирус до членките на ЕУ, што го дигна Брисел на нозе, пишува Б92.
По неклку дена натегања, објавен е и договорот со таа фармацевтска куќа, според кој таа не може да не сноси последици поради доцнењето, но ни поради несаканите дејства кои нивната вакцина може да ги предизвика.
Но, во меѓувреме, некои, сепак помалку од договорените, количини вакцини стигнаа до своето одредиште и почна нивната дистрибуција.
Одбиена беше понудата на руската компанија која ја произведе „спутник V” и се некеко почна да се движи. А потоа се случи повторно – според наводите на функционер од ЕУ, кој директно учествувал во преговорите со британско-шведската компанија, „АстраЗенека“ ќе испорача помалку количини вакцина од договореното во вториот квартал од 2021 година.
Во односите Брисел – „АстраЗенека“, меѓутоа постои и друг проблем. Тоа се негативните коментари на некои функционери на ЕУ, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, кои ја успорија вакцинацијата со таа вакцина.
Што рече Макрон?
Имено, францускиот претседател порано овој месец рече дека Велика Британија презела ризик со пребрзата авторизација на „АстраЗенека“. Тоа веднаш беше сигнал луѓето да се посомневаат во нејзините контраефекти. Германската официјална студија откри дека вакцината, иако делотворна, има повеќе нуспојави од своите два конкуренти.
Да проба да ја поправи штетата се обиде шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која инаку сите во ЕУ ја напаѓаат дека е главен виновник поради колапсот на системот за набавка на вакцини за ЕУ, освен германската канцеларка. Имено, таа изјави дека без размислување би ја примила вакцината на „АстраЗенека“, додавјаќи дека истото би го направила со „Модерна“ и со „Фајзер“, односно двете други вакцини кои ги има во ЕУ.
Е сега, постои уште еден проблем и тоа во Германија, земја која преферира употреба на вакцината на „Фајзер/Бионтек“, па се случи да има неискористен број вакцини од „АстраЗенека“, на кои сега политичарите не знаат што да им прават.
За да не пропаднат Берлин инсистира да им се поделат на 3.000 бездомници кои живеат во градските кризни центри. Од друга страна, министерот за внатрешни работи Хорст Зихофер смета дека вакцините треба да ги примат полицајците.