(Видео) Торнадо го погоди Канзас, три лица повредени, оштетени речиси 100 објекти


Торнадото, кое денеска помина низ делови на американската сојузна држава Канзас, оштети неколку згради и повреди неколку луѓе, додека повеќе од 6.500 домаќинства останаа без струја, објавија властите, пренесува АП.

Властите објавија дека олујата проследена со грмотевици зафатила делови од Вичита и Андовер и дека се оштетени 50 до 100 згради, а некои куќи во некои делови од градот се „целосно уништени“.

Шефот на противпожарната служба на Андовер, Чад Расел, на прес-конференција изјави дека три лица се повредени во округот Седвик, меѓу кои и една жена која е тешко повредена, но дека нема повредени во округот Батлер и дека дополнителна процени ќе се направи подоцна.

Расел рече и дека, иако се уште не се знае точно колку згради се оштетени, повеќе од 900 објекти се нашле на удар на торнадото, а меѓу оштетените ја споменал и зградата на градската управа, пренесува АП.