Топлотниот бран виновен за масовното угинување школки во Канада
Силниот топлотен бран, којшто минатата недела ја зафати Британска Колумбија, е тоа што го предизвикало масовното угинување на школки и други морски животни кои живеат на брегот на западна Канада.
Кристофер Харли, професор на Одделот за зоологија при Универзитетот на Британска Колумбија, откри безброј угинати школки – отворени и скапани, на плажата Кикалано, што е на неколку улици од неговата куќа во Ванкувер.
– Школките „се искачуваат” на карпите и другите површини и се навикнати да бидат изложени на воздух и сончева светлина за време на мала плима, вели Харли. Но главно, тие не можат да преживеат долго над температурите над 38 степени.
Температурите во центарот на Ванкувер на 28 јуни надминаа 38 Целзиусови степени, а плажата, се верува, била уште пожешка.