Теа Ѓоргиевска е мис на Македонија за мис Универзум (галерија)
Теа Ѓоргиевска (21) од Куманово е мис на Македонија за мис Универзум , избрана синоќа меѓу дваесет финалистки на гала изборот во Национална опера и балет во Скопје. Теа ќе ја претставува нашата земја на глобалното дефиле кое ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, Мексико. Организатор на настанот беше Шакир Села, од Даман менаџмент од Истанбул, Турција, која ја поседува лиценцата за Македонија, и го организира турскиот избор за Мис Универзум.
Право на учество на изборот за Miss Universe имаа сите државјанки на Северна Македонија кои живеат во државата и кои наполниле 18 години до 1 јануари во годината.
Убавиците продефилираа во тоалети и во костими за капење пред жирито и на задоволство на публиката во НОБ, а настап на изборот имаше и поп-ѕвездата Тамара Тодевска.
Македонија од 2015 нема македонска претставничка на „Мис на светот“, најмногу поради немање финансии, а за изборот Мис Универзум нема валидни податоци.