Тајмс оф Индиа: Кето диетата го намалува ризикот од Ковид-19


Кетогената диета го намалува ризикот од Ковид-19, а во случај на инфекција може да ги спречи нејзините тешки форми, објави „Тајмс оф Индија“.

Во студија објавена во списанието „ Translational Medicine“ експертите истакнуваат дека малата содржина на јаглени хидрати во исхраната ги намалува мастите и „лошиот“ холестерол во организмот и ја стабилизира количината на шеќер во крвта.

Експериментите покажуваат дека оваа диета го зголемува нивото на кетонски тела во крвната плазма, кои го контролираат оксидативниот стрес во организмот и имаат антиинфламаторно дејство.

Кетогената диета може да помогне во зголемување на бројот на клетки кои пренесуваат рецептори на Т-лимфоцити кои имаат имуномодулаторно и антиинфламаторно дејство.

Таквиот режим на исхрана може да го подобри функционирањето на адаптивните имунолошки клетки и да ги намали ризиците поврзани со Ковид-19, посочува „Тајмс оф Индиа“.