Лидерите на ЕУ се согласија да забранат 90 отсто од увозот на руска нафта до крајот на 2022 година


Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината …

Лидерите на ЕУ се согласија да забранат 90 отсто од увозот на руска нафта до крајот на 2022 година Read More »

ЕУ без договор за шестиот пакет санкции против Русија


Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација. Нов обид за постигнување договор за засилување на притисоците врз Русија е закажан за денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ. Предлогот на европските институции и на Франција како …

ЕУ без договор за шестиот пакет санкции против Русија Read More »

Премиерот на Ирска бара да се сменат правилата во ЕУ – да нема вето за проширувањето


  Ирскиот премиер, Михол Мартин, изјави дека неговата земја е отворена за промена на договорот на Европската унија врз основа на предлозите за ревизија на работата на Унијата, што сигнализира потенцијална поддршка за отстранување на ветото на земјите-членки за проширување на блокот и за воведување санкции. „Ние не ја затвораме вратата против промената на договорите …

Премиерот на Ирска бара да се сменат правилата во ЕУ – да нема вето за проширувањето Read More »

Зелено светло од ЕУ за привремена трговска либерализација со Украина


Белгија– Советот на ЕУ попладнево одобри привремена слободна трговија со Украина за одредени украински производи, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова конкретно значи дека за засегнатите производи се укинуваат сите царински обврски за извоз кон ЕУ од Украина во времетраење од една година. Европската Унија оцени дека со ова „значително ќе ја поддржи украинската економија“ во …

Зелено светло од ЕУ за привремена трговска либерализација со Украина Read More »

Дали Германија ја губи водечката улога во ЕУ?


  Пред една година, кога се ближеше крајот на мандатот на Ангела Меркел, таа беше фалена ширум светот како најважна политичка фигура во Европската унија и една од најважните на Западот. Сепак, достигнувањата на нејзиното шеснаесетгодишно владеење вклучуваат спречување на Украина да се приклучи на НАТО, како и изградба на „Северен тек 2“ од Русија …

Дали Германија ја губи водечката улога во ЕУ? Read More »

Борел: Поради поддршката за Украина, Европа ги истроши своите воени залихи


  Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека војната во Украина тектонски го наруши европскиот сигурносен пејзаж и нагласи дека ЕУ треба да преземе повеќе одговорност за својата безбедност. Иако ЕУ, според Борел, делувала брзо и силно и пружила поддржка за Украина во борната против руската инвазија, нагласува дека на …

Борел: Поради поддршката за Украина, Европа ги истроши своите воени залихи Read More »

ЕУ следи дали ќе се врати државното рекламирање во Македонија


  БРИСЕЛ – По најавите на новинарската фела во Македонија дека се разговара за повторно воведување владини реклами во медиумите, Европската комисија потсетува дека и во ЕУ се подготвуваат промени. Иако ништо не е официјално, новинарската фела во Македонија подолго време предупредува дека контроверзниот член 102 повторно е во игра. Членот 102 од Законот за …

ЕУ следи дали ќе се врати државното рекламирање во Македонија Read More »

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина


Германија – Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина. Мислам дека …

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина Read More »

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија


Данска – Четири членки на Европската Унија планираат да ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија и да помогнат во независноста од руските енергенти, преку нов голем проект за изградба на ветроелектрани во Северното Море, информираше данската премиерка Мете Фредериксен. Данска, заедно со Белгија, Холандија и со Германија, сака да го зголеми вкупниот капацитет на ветрот во …

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија Read More »

Панел: Демократијата во Европа – 30 години по Маастрихт: Нови прашања за европската иднина и дилемите за проширувањето


Со панел дискусија „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, денеска во Скопје ќе биде одбележан Денот на Европа – 9 Мај. На панел …

Панел: Демократијата во Европа – 30 години по Маастрихт: Нови прашања за европската иднина и дилемите за проширувањето Read More »

Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1 отсто, во еврозоната 7,4 отсто


Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1 отсто на годишно ниво од 7,8 отсто во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат. Стапката на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7,4 отсто на годишно ниво, што е непроменето во однос на март, објавено е на веб-страницата на статистичката агенција на ЕУ. На месечно ниво, инфлацијата …

Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1 отсто, во еврозоната 7,4 отсто Read More »

Конференцијата ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 23 јуни во Брисел


Белгија– Најавената Конференција за Западен Балкан на француското претседателство ќе се одржи на 23 јуни со лидерите од регионот и од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Француското претседателство од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот. Денеска Европскиот Совет потврди дека оваа конференција ќе се одржи на …

Конференцијата ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 23 јуни во Брисел Read More »

Емисиите на штетни гасови во ЕУ ги надминаа вредностите од пред пандемијата


Емисиите на стакленички гасови од стопанските активности во ЕУ сега се нешто повисоки од пред паднемијата на Ковид-19, извести евторската канцеларија за статистика. Производствените емисии на стакленички гасови во последниот квартал лани изнесуваа 1.041 милион тони еквивалент на јаглероден диоксид (CO2), што е зголемување во однос на 1.005 милиони тони во истиот период во 2019 …

Емисиите на штетни гасови во ЕУ ги надминаа вредностите од пред пандемијата Read More »

ЕУ стави рок спорот да се реши до јули, ќе продолжи со притисок врз Софија и Скопје


ЕУ потврди ако спорот меѓу Скопје и Софија не се реши до крајот на француското претседавање ќе има длабока криза со регионот. Софија за кревање на ветото повтори дека очекува „конкретни чекори заедно да се изодат без какви било календари или очекувања“. Скопје, пак, порача дека сите услови за старт на преговорите со ЕУ се …

ЕУ стави рок спорот да се реши до јули, ќе продолжи со притисок врз Софија и Скопје Read More »

Во ЕУ се уште нема договор за шестиот пакет санкции за Русија


Белгија – Европската унија се уште не постигнала договор за шестиот пакет санкции против Русија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ. Борел кажа дека сè уште нема неопходен консензус за предложената забрана за увоз на руска нафта. -Ќе продолжиме да …

Во ЕУ се уште нема договор за шестиот пакет санкции за Русија Read More »

Што знаеме за идејата на Макрон за двостепена Европа?


  Свеж од убедливата изборна победа минатиот месец, Емануел Макрон предложи една од најголемите промени во структурата на Европската унија во последните децении. Која е идејата на Макрон? Поради неговите сопствени сугестии дека кандидатурата за членство на Украина во ЕУ, разурната од војна, би можела да потрае „децении“ и долгите одложувања на пристапот на земјите …

Што знаеме за идејата на Макрон за двостепена Европа? Read More »

Во Брисел состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ и на Западен Балкан


Белгија– Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел на редовен мајски Совет на ЕУ, со прва точка на дневниот ред на состанокот размена на мислења за Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз тој регион. Од Советот на ЕУ се истакнува дека идејата е заедно со нивните …

Во Брисел состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ и на Западен Балкан Read More »

„Ное цирхер цајтунг“: Проширувањето на ЕУ е мртво


  Предлозите на Макрон за „европската политичка заедница“ се „освежувачки реални“, според угледниот швајцарски весник „Ное цирхер цајтунг“ (НЦЦ). Се наведува дека политиката на проширување на ЕУ кон земји како Србија и онака е „мртов коњ “. Емануел Макрон, претседателот на Франција, која моментално претседава со ЕУ, оваа недела претстави визија која наиде на поделени …

„Ное цирхер цајтунг“: Проширувањето на ЕУ е мртво Read More »

Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија


Француското Министерство за надворешни работи и за европски прашања се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна Македонија, Бујар Османи, нагласувајќи дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија, …

Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија Read More »

ЕУ разгледува олабавување на еколошките прописи додека се намалува зависноста од руските енергенси


Под притисок од високите цени на енергијата и со намера да стави крај на зависноста од руските гас и нафта, Европската Унија планира да ги олабави еколошките прописи за проекти за обновливи извори на енергија, пишуваат светски медиуми, а јави Радио слободна Европа. Европската Комисија сака да ја забрза зелената транзиција и да го намали …

ЕУ разгледува олабавување на еколошките прописи додека се намалува зависноста од руските енергенси Read More »