Борел: Поради поддршката за Украина, Европа ги истроши своите воени залихи


 

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека војната во Украина тектонски го наруши европскиот сигурносен пејзаж и нагласи дека ЕУ треба да преземе повеќе одговорност за својата безбедност.

Иако ЕУ, според Борел, делувала брзо и силно и пружила поддржка за Украина во борната против руската инвазија, нагласува дека на Евриоа и понатаму ѝ се потребни европски вооружени сили.

„Новото безбедносно окружување покажува дека ЕУ треба да преземе повеќе одговорност за својата сигурност. За тоа ни требаат интеропералилни европски оружени сили. Искористените залихи кои се резултат на воената поддршка која ја пруживме на Украина се најочигледен пример на нашите недостатоци“, рече Борел.

Нагласи дека државите не вложувале во поголеми средства за воен развој пред сѐ поради буџетските кратења и наметнатите политики за штедење.

„Од 1999 до 2021 година, комбинираната потрошувачка на ЕУ за одбрана порасна само 20 отсто. Во САД тоа изнесуваше 66 отсто, во Русија 292 оотсто, а во кина 592 отсто. Секако, треба да се земе предвид и почетното ниво на капацитет, но бројките покажуваат многу различни трендови“, вели Биорел.

Покрај фактот дека бројни европски држави најавија поголеми издвојувања за одбрана, Борел истакнува дека тие пари мора паметно да се распределат.

„Многу земји членки на ЕУ најавија зголемување на своите издатоци зѐа одбрана. Ова е многу позитивно, но како што реков, клучно е не самод а се троши повеќе, туку и заедно за да спречиме понатамошна фрагментација“, истакнува дипломатот.

На крај, тој нагласи дека со зајакнување на европските одбранбени можности се зајакнува и самата НАТО Алијанса.