Емисиите на штетни гасови во ЕУ ги надминаа вредностите од пред пандемијата


Емисиите на стакленички гасови од стопанските активности во ЕУ сега се нешто повисоки од пред паднемијата на Ковид-19, извести евторската канцеларија за статистика. Производствените емисии на стакленички гасови во последниот квартал лани изнесуваа 1.041 милион тони еквивалент на јаглероден диоксид (CO2), што е зголемување во однос на 1.005 милиони тони во истиот период во 2019 година.

Емисиите од домаќинствата се одговорни за 22 отсто на стакленичките гасови, производството и електричната енергија по 21 отсто, а земјоделството 12 отсто. Емисиите на стакленички гасови пораснаа во сите земји во ЕУ кон крајот на 2021 година во споредба со 2020 година кога почна пандемијата.

Најголем пораст има во Естонија, за 28 отсто. Следат Бугарија со пораст од 27 отсто и Малта со 23 отсто. Во тие земји неодамнешните зголемувања на емисиите ги надминаа падовите кои ги предизвика епидемијата.

Во Хрватска во четвртото тромесечие во 2021 година емисиите на стакленички гасови пораснаа за 6,2 отсто во однос на истиот период од 2019 година, покажаа податоците на Евростат.

Најблаг раст на емисии има во Кипар, за 0,3 отсто.

Во рамки на европскиот зелен договор, земјите членки на ЕУ настојуваат да ја намалат нето емисиијата на стакленички гасови за најмалку 55 отсто до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година.