ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев и пратениците кои гласале за Договорот за името
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласале за Договорот со Грција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Во кривичната пријава се гонат по четири основи за сторени кривични дела: Велепредавство, загрозување на независноста, здружување …