ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев и пратениците кои гласале за Договорот за името


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласале за Договорот со Грција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во кривичната пријава се гонат по четири основи за сторени кривични дела: Велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба и овластување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прва кривична пријава на ВМРО-ДПМНЕ против државниот врв. Кривична одговорност тие побараа и за носењето на Законот за јазиците.