Пердју: Северна Македонија ми звучи одлично


„Името Република Северна Македонија одлично звучи и ја прикажува реалноста и историјата во регионот“, оцени Џејмс Пердју, кој беше олеснувач и американски претставник во преговорите за Рамковниот договор во 2001 година.

Пердју учествува денеска на тридневниот Рос Рот семинар, што се одржува во македонскиот парламент. Сега, од позиција на советник во НАТО, Пердју во својата дискусија оцени дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас покажале голема политичка храброст со договорот за името, со што, како што рече, ќе се смени насоката на движење на македонската нација, како и на целиот регион. Придобивките од тој договор, наведе, ќе се почувствуваат уште на јулскиот самит на НАТО. Пердју ја поздрави и синоќешната одлука на министерскиот совет во Луксембург околу почнувањето преговори на Македонија со ЕУ. (А.М.М.)