СЈО води истрага за Орце Камчев


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отворило истрага која се однесува на продажбата на земјиштето спроти „Рамстор“, во центарот на Скопје, а како осомничен се води сопственикот на „Орка холдинг“, Јордан Камчев, пренесе порталот „правосудство мк“. Според објавените информации, Специјалното јавно обвинителство веќе доставило барања до редовните обвинителства за предавање на веќе отворени предмети, а во кои …

СЈО води истрага за Орце Камчев Read More »

Поранешен директор на МТВ на распит во СЈО за злоупотреба на средства


Специјалното јавно обвинителство, според созанија до кои дојде правосудство.мк отворило предистражна постапка за лицето Ефтим Гаштев, поранешен директор на Македонската радио телевизија. Сознанијата до кои дојде правосудство.мк велат дека од Гаштев се очекуваат одговори за проневерени стотици илјади евра, кои биле потрошени за изработка на документарни филмови.

СЈО истражува нови криминали со изградбата на автопатиштата


Специјалното јавно обвинителство води нова постапка која се однесува на направените милионски штети со изградабата на двете делници од автопатот Скопје-Штип и Кичево-Охрид. Според сознанија до кои дојде „ПРАВОСУДСТВО.МК“, во својство на оштетени, деновиве, на распит треба да бидат повикани актуелниот министер за градежништво, урабизам и сообраќај, Горан Сугаревски и Зоран Тунтев, директор на Агенцијата …

СЈО истражува нови криминали со изградбата на автопатиштата Read More »

Заштитeни сведоци во „Тврдина“, „Талир“ и „Тендери“?


Специјалното јавно обвинителство самото ќе одлучува кое лице ќе биде заштитен сведок во случаите што ги водат, односно ќе биде вклучено во програмата, а не како досега да се чека решение на Советот за заштита на сведоци и тоа исклучиво по предлог на државниот јавен обвинител. Специјалниот јавен обвинител ќе одлучува и за определување на …

Заштитeни сведоци во „Тврдина“, „Талир“ и „Тендери“? Read More »

Груевски, Јанакиевски и Рангелова на суд за „шамарите“ во Центар


Ново рочиште за предметот на СЈО „насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд. Во овој предмет обвинети се 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав …

Груевски, Јанакиевски и Рангелова на суд за „шамарите“ во Центар Read More »

Косовското СЈО подига 60 обвиненија против членови на ОВК


Повеќе од 60 поранешни лидери и припадници на таканаречената Ослободителна војска на Косово, се опфатени со обвиненија од Специјалното обвинителство за извршени дела кон крајот на 2000 година. Меѓу првите обвинети ќе бидат Азем Сила, Даут Харадинај, Шукри Буја, Сокол Добруна, пишува приштинскиот портал „Инсајдери“. Се очекува првото обвинение да биде објавено набрзо по 17 …

Косовското СЈО подига 60 обвиненија против членови на ОВК Read More »

Неделава ќе има уште четири судења за предмети на СЈО во Кривичниот суд


Четири рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство се закажани неделава во Кривичниот суд. Утре закажани се судења за предметите „Траекторија“ и „Труст“. Во случајот „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие …

Неделава ќе има уште четири судења за предмети на СЈО во Кривичниот суд Read More »

Стилот на СЈО : Сите ги зборат Катица, Фатиме и Ленче


  Сите ги зборат, коментираат и одмеруваат настапите и изгледот на специјалните обвинителки од СЈО – Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска. Функционерите се плашат од нивните прес-конференции, жените им ја озборуваат гардеробата, а мажите во муабетите се надмудруваат која е позгодна – бринетата Фатиме или русокосата Ленче. Со функцијата специјален јавен обвинител Катица …

Стилот на СЈО : Сите ги зборат Катица, Фатиме и Ленче Read More »

Се шират истрагите за „Друмарина“ и „Странски служби“


Специјалното јавно обвинителство, врз основа на уште еден прислушуван разговор, истражува дали има доволно елементи за покренување кривична одговорност за уште еден пратеник кој ги злоупотребил патните трошоци. Ова го потврди специјалната обвинителка Катица Јанева, чие обвинителство пред неколку дена отвори нова истрага „Друмарина“, каде што осомничена е поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. „Злоупотребата …

Се шират истрагите за „Друмарина“ и „Странски служби“ Read More »

Јанева: Ќе се прошири истрагата за „Странски служби“


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска најави дека истрагата за случајот „Странски служби“ ќе биде проширена. – Лично бев изненадена од снимките во медиумите. Секоја изјава е добредојдена, рече Јанева одговарајќи на новинарско прашање по завршната конференција на проектот „Набљудување судски предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата според новиот Закон за кривичната постапка“. …

Јанева: Ќе се прошири истрагата за „Странски служби“ Read More »

Министерството за правда го достави извештајот за увидот во АКМИС до надлежните институции


Министерството за правда попладнево соопшти дека извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите, е доставен до надлежните институции на натамошно постапување. – Напоменуваме дека извештајот се однесува на увидот кој беше извршен во Основниот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и …

Министерството за правда го достави извештајот за увидот во АКМИС до надлежните институции Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи надвор од закон


Специјалното јавно обвинителство работи надвор од закон. Катица Јанева и нејзините обвинители единствено што почитуваат се политичките нарачки од хунтата на Зоран Заев за пресметка со неистомислениците, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, со денешниот прес, Катица Јанева и нејзините соработници потврдија дека се слепи извршители на желбите на Зоран Заев и СДС во …

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи надвор од закон Read More »

Проширени истрагите за „Тарифа“ и „Транспортер“


Специјалното јавно обвинителство ја проширува истрагата за два случаи кои се веќе во судска постапка – „Тарифа“ и „Транспортер“ За случајот „Тарифа“, за кој почна денеска судењето за злоупотреби при набавка на софтвер за ЕЛЕМ, СЈО објави дека ја проширува истрагата во рамки на нов случај „Тарифа 2“. Осомничено е едно лице кое веќе е …

Проширени истрагите за „Тарифа“ и „Транспортер“ Read More »

СЈО отвори случај „Лидери“


Новата истрага на Специјалното јавно обвинителство „Лидери“ се однесува на бесправно изградени објекти кои биле договорени помеѓу двајца лидери на политички партии. Нема потврда дали се мисли на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети, поранешни коалициски партнери. За бесправно градење е осомничен инвеститорот на објектот, изграден спроти Американската амбасада во …

СЈО отвори случај „Лидери“ Read More »

Ексминистерот Димовски осомничен во „Продуцент“


„Продуцент“, четвртата истрага што ја отвора СЈО, се однесува на поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој во ноември 2009 година, без јавна набавка, склучил договор со продуцентската куќа „Смарт центар“ ДООЕЛ Скопје за снимање емисија во вредност од 50 илјади евра. Емисијата се емитувала на телевизија Сител, под наслов „Бојата на парите“. Министерството …

Ексминистерот Димовски осомничен во „Продуцент“ Read More »

Тодоров во „Рендген“ на СЈО


Третата истрага што ја отвора СЈО е за случај од 2012 година, кој е насловен „Рендген“. Тогашниот министер за здравство Никола Тодоров се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластувања при јавна набавка на медициснка опрема и друга опрема за радиолошките служби во четири здравствени установи во земјава. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, …

Тодоров во „Рендген“ на СЈО Read More »

СЈО ги најде „странските служби“


Истрагата под името „Странски служби“, како што информира обвинителка Фатиме Фетаи, се однесува на две осомничени лица, едно директен извршител, а другото како поттикнувач. Првоосомничениот е поранешен началник за оперативна техника во УБК, кој направил извештај за да се потврди тогаш промовираната теза дека нелегалното масовно прислушување го вршеле тајни служби. – По барање на …

СЈО ги најде „странските служби“ Read More »

Бонева незаконски искеширала 100.000 евра за патни трошоци


Поранешната пратеничка Силвана Бонева го довела во заблуда Собранието незаконски да ѝ исплати 100.000 евра за патни трошоци. Ова произлегува од случајот со кодно име „Друмарина“, што го објави Специјалното јавно обвинителство. СЈО ја товари Бонева за кривично дело „измама во службата“. – Постои основано сомневање дека осомничената, од 25 јуни 2011 година до 16 декември …

Бонева незаконски искеширала 100.000 евра за патни трошоци Read More »

Јанева најави седум нови истраги против 17 лица


Специјалното јавно обвинителство отвара седум нови истраги против 17 лица за повеќе кривични дела. Ова го објави специјалната обвинителка Kатица Jанева, на почетокот на денешната прес-конференција. Првата истрага е со кодно име „Странски служби“, против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителката Фатиме Фетаи рече едниот е директен извршител, а другиот е поттикнувач. Втората …

Јанева најави седум нови истраги против 17 лица Read More »

Прес-конференција на СЈО во 13 часот


Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денеска во 13 часот ќе се одржи прес – конференција. Од СЈО засега нема информации на која тема ќе биде прес-конференцијата.