Тодоров во „Рендген“ на СЈО


Третата истрага што ја отвора СЈО е за случај од 2012 година, кој е насловен „Рендген“. Тогашниот министер за здравство Никола Тодоров се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластувања при јавна набавка на медициснка опрема и друга опрема за радиолошките служби во четири здравствени установи во земјава.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, постои основано сомнение дека во оваа постапка се фаворизирала една од фирмите, на која, уште пред почетокот на постапката, и било овозможено да ја скенира состојбата во здравствените установи и да изготви студија. Според СЈО тогашниот министер бил запознат со стутдијата бидејќи му била испратена на личната имеил адреса.

Во јануари 2014 договорот бил раскинат откако во јавноста излегоа информации за учество во тендерот на една новинарка и нејзината мајка. Сепак, министерот не го поништил тендерот, туку склучил договор со второрангираната фирма со што е направена злоупотреба вредна околу 860.000 евра.