Јанева најави седум нови истраги против 17 лица


Специјалното јавно обвинителство отвара седум нови истраги против 17 лица за повеќе кривични дела.

Ова го објави специјалната обвинителка Kатица Jанева, на почетокот на денешната прес-конференција.

Првата истрага е со кодно име „Странски служби“, против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителката Фатиме Фетаи рече едниот е директен извршител, а другиот е поттикнувач.

Втората истрага е под кодно име „Друмарина“ против поранешна пратеничка. Осомничената поднесувала лажни фискални сметки од патарини до службите во собранието за да оствари корист од патни трошоци.