Рот: Да не се спречува мирно решавање на спорот за името


Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот, изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки. Рот, кој учествува на денешниот совет за надворешни работи на ЕУ, изјави: -Повторно се сретнавме денеска со македонскиот министер Димитров. Благодарни сме за постојаните преговори помеѓу Грција и ПЈРМ. Подготвени сме …

Рот: Да не се спречува мирно решавање на спорот за името Read More »

Сончево и топло, температура до 28 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 21 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со темепратура до 28 степени.

Субвенциите во авиособраќајот на седница на Владата


Владата денеска на седница ќе расправа за информација во врска со потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година. Воедно, на предлог на Министерството за транспорт и врски, треба да се …

Субвенциите во авиособраќајот на седница на Владата Read More »

Кој министер ќе ги продолжи реформите што ги започна Дескоска?


Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање за нејзино евентуално преземање во Министерството за правда. – Јас не се …

Кој министер ќе ги продолжи реформите што ги започна Дескоска? Read More »

Скопје и шест општини ќе добијат средства за канализациски системи


Финансиски средства ќе добијат Град Скопје и општините Битола, Шуто Оризари, Берово, Тетово, Липково, Врапчиште, за изработка на техничка документација и изградба на канализациски системи и системи за одведување и пречистување отпадни води. Ова го предвидуваат договорите што денеска ги потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалниците на Град Скопје и на општините Битола, Шуто Оризари, …

Скопје и шест општини ќе добијат средства за канализациски системи Read More »

Патот Приштина-Скопје преку Качаник ќе биде пуштен на 1 јуни


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска информира дека патот Приштина-Скопје, на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, ќе биде пуштен во промет најверојатно на 1 јуни. На конференција за медиуми по денешната владина седница, Харадинај изјави дека според информацијата што ја добил од министерот за инфраструктура Паљ Лекај, работите на овој пат ќе завршат до 1 …

Патот Приштина-Скопје преку Качаник ќе биде пуштен на 1 јуни Read More »

Скопјани постојано бараат промени во мрежата на автобуски линии


Во главниот град има потреба од промени во постојната мрежа на автобуски линии и од воведување нови градски и приградски линии. Скопјани велат дека постојните автобуски линии се недоволни и оти мора некогаш да менуваат по два или три автобуси за да стигнат на училиште или на работа. Реагираат на преполните автобуси и на доцнењата, …

Скопјани постојано бараат промени во мрежата на автобуски линии Read More »

Менаџери од водечки компании од Македонија и од странство доаѓаат на четвртиот FMCG самит во Скопје


Менаџери, сопственици, професионалци од секторот за трговија со стоки за широка потрошувачка ќе учествуваат на четвртиот Самит за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG) што утре, 17. мај, ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а во организацијата на магазинот „InStore“. Своите знаења пред повеќе од 300 професионалци од средниот и од …

Менаџери од водечки компании од Македонија и од странство доаѓаат на четвртиот FMCG самит во Скопје Read More »

Британската премиерка Тереза Меј на 17 мај во Скопје


Британската премиерка Тереза Меј на 17 мај ќе допатува во земјава, веднаш по средбата Заев-Ципрас што ќе се одржи во Софија, јавува Макфах. Таа се очекува да оствари средби со државно-политичкиот врв на Македонија. Ова е прва посета на толку висок државник од Велика Британија по подолго време. Претходно Тони Блер како британски премиер беше …

Британската премиерка Тереза Меј на 17 мај во Скопје Read More »

Пукано од возила во движење во Скопје


На крстосницата на ул. „Софиска“ со ул. „Московска“ во Скопје, синоќа околу 22:45 часот од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“. Како што е наведено во полицискиот билтен, на местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури калибар 9 милиметри. Полицијата презема мерки за …

Пукано од возила во движење во Скопје Read More »

Ердоган го одбра Сараево пред Скопје


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сети како да ги заобиколи европските држави што му забрануваат собири во нивните земји. Идната недела ќе ги собере турските иселеници од цела Европа, а за локација го одбра Сараево. Иако во Босна и Херцеговина не живеат голем број Турци, наклонетоста на поголемиот број од муслиманското население му ги …

Ердоган го одбра Сараево пред Скопје Read More »

Годинава ќе започне авиолинијата Атина-Скопје


Имаме разговарано со компанијата „Aegean airlines“, знаеме дека е планирано да се направи ова поврзување и во текот на 2018 година секако ќе започне, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во однос на новата авиолинија Атина – Скопје најавена за оваа година. – Постојат разговори во „Aegean“ за активирање на оваа авиолинија. Ние …

Годинава ќе започне авиолинијата Атина-Скопје Read More »

БЕГ и во наредната сезона ќе дистрибуира топлинска енергија во Скопје


Балкан енерџи груп (БЕГ) е во стабилна состојба. Нема промена во сопственичката структура. Останува и во наредната грејна сезона да ја дистрибуира топлинската енергија до потрошувачите во Скопје и уверува дека се подготвени за тоа. Ова го истакна генералникот директор на БЕГ АД Димитар Кочовски на денешната средба со новинарите по повод пет години Балкан …

БЕГ и во наредната сезона ќе дистрибуира топлинска енергија во Скопје Read More »

Промената на уставното име е главната разлика меѓу Скопје и Атина


Грчкото барање за промена на уставното име и 17 мај како датум што може да биде клучен за евентуално решение доколку се одржи средба на двајцата премиери во Софија, се двете точки што ги споменуваат весниците „То вима“ и „Катимерини“ во анализите за преговорите меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција …

Промената на уставното име е главната разлика меѓу Скопје и Атина Read More »

Украдено возило од двор на улица „Франце Прешерн“ во Скопје


Непознат сторител вчера во двор на улица „Франце Прешерн“ влегол во патничко моторно возило „Југо Флорида“ кое било незаклучено и со клуч на бравата го стартувал и заминал. МВР информира дека кражбата синоќа околу 20 часот во Полициската станица Карпош, ја пријавил С.Д. (52) од Скопје. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Се …

Украдено возило од двор на улица „Франце Прешерн“ во Скопје Read More »

Најмногу дожд наврнал во Скопје и Куманово


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово – 36 литри на метар квадратен и во Скопје -Петровец 34 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнал во Берово, два литра на метар квадратен. По четири литри на метар квадратен наврнале во Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, пет во Прилеп, шест во Ѓуриште, Тополчани, Демир Капија, …

Најмногу дожд наврнал во Скопје и Куманово Read More »

(ФОТО) Невреме во Скопје, поплавени куќи во Црешево и Стајковци


Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци. – Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци, изјави за МИА Ѕвонко …

(ФОТО) Невреме во Скопје, поплавени куќи во Црешево и Стајковци Read More »

Маж хоспитализиран, откако бил претепан од три лица во Батинци


Жител од село Батинци бил физички претепан од три лица, по што е хоспитализиран, соопшти МВР. Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:20 часот е пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ (Ургентен центар) било донесено лицето Е.И.(27). Тој во селото бил физички нападнат од лицата Р.С., Ш.А. и С.М. Лекар во клиниката констатирал …

Маж хоспитализиран, откако бил претепан од три лица во Батинци Read More »

Скопје го совлада Вардар, Шкендија триумфираше против Работнички


Вардар продолжи со лошата серија и на арената „Филип Втори“ беше поразен од ФК Скопје во 32-то коло од Првата лига. Досех Кофи во 45 минута го постигна победничкиот гол за Скопје, а овие три бода одат во прилог на борба на клубот за опстанок во најдобрата македонска лига. Шкендија во Тетово го совлада Работнички …

Скопје го совлада Вардар, Шкендија триумфираше против Работнички Read More »

Физички нападнато 12-годишно момче во Скопје


Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје. Како што информира МВР, случајот синоќа во 21:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.