Одбојкарите на Белорусија првите финалисти на завршниот турнир во Скопје


Одбојкарите на Белорусија се првите финалисти на завршниот турнир во Европската сребрена лига што се одржува во Скопје.

Белорусија беше доминантно поквалитетна и убедливо ја совлада со 3:0 одбојкарска селекција на Летонија во првиот полуфинален натпревар.

Белорусите првиот сет го добија со 25:18, додека вториот го освоија со 25:22. Најинтересен беше третиот сет, кој се играше поен за поен до 14:14, а потоа следеше серија од 9:0 (23:14) со што белоруските одбојкари ја обезбедија победата.

Белорусија во финалето ќе се соочи со победникот од вториот полуфиналеннатпревар меѓу Македонија и Хрватска.