ВМРО-ДПМНЕ по денешното невреме во Скопје: Оваа слика ќе се памети како град Скопје со Петре Шилегов стана мала Венеција


Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција околу големите проблеми кои денеска во Скопје ги предизвика невремето. Од таму велат ова не е слика од Дакар , не е слика од афричка Кинсаша, ова е жалната слика за Скопје денес, поплавено, под вода, хаотично, препуштени граѓани сами на себе.

-Булеварот Партизанска, кој никогаш порано во историја на Скопје не бил поплавен, денес е под вода. Тоа е последица поради лошата изведба на неодамнешната реконструкција и неодржувањето на булеварите од градот Скопје и Петре Шилегов. Ова е сликата денес и во Аеродром, и во Кисела Вода, и во Гази Баба и во Ѓорче Петров и Бутел. Петре Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности, изјави Љупчо Миовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев.

-Оваа слика ќе се памети како град Скопје со Петре Шилегов стана мала Венеција. Граѓаните се препуштени сами на себе. Градските служби и Шилегов  ги нема никаде. Бараме итна мобилизација на службите со цел да излезат во пресрет на граѓаните. Петре Шилегов наместо да се фали со проекти како автобуска станици,  ваучери за алкохолизирани лица, нека ги засука ракавите и нека почне да ги си исполнува своите должности, изјави Миовски.