Почна пријавувањето за „Скопје трча 10КМ“


Организаторите на трката „Скопје трча 10 км“ соопштија дека од денеска почна пријавувањето на сите кои сакаат да земат учество на овој спортски настан.

– За оние кои ќе бидат најбрзи и ќе се пријават во првите два дена, ќе може да го одберат својот стартен број. На програмата ќе бидат две трки, 10КМ трката и штафетната трка од 2х5КМ кои започнуваат од 9 часот, а истите ќе се одржат во недела, 7 октомври 2018 година, повторно на бул. Илинден, стои во информацијата на организаторот.
Главен покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт на Република Македонија, а како покровител оваа година се приклучува и Град Скопје.

За повеќе информации околу приказната на Скопје трча 10КМ може да се посетат официјалната Фејсбук фан страна и веб страна на: http://www.skopje.run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и на www.smartrace.club.

Организаторите годинава очекуваат голем број на пријавени учесници, па затоа ги охрабруваат сите заинтересирани да се пријават како учесници.