Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници


Учениците од скопското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Општина Центар  часови по предметот физичко имаат во училница, во училишниот хол и надвор во дворот, кога временските услови се погодни. Новата спортска сала во училишниот двор е речиси готова, ама не се употребува. Родителите  забележуваат што целиот двор е ограничен за движење и ограден со …

Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници Read More »

Богдановиќ: Секој ДУП може да се поправи со нов ДУП


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска одговори на изјавата на неговиот колега од Аеродром, Златко Марин, дека воведувањето мораториум за градба во Центар не е законска, туку политичка одлука. Ставот на Богдановиќ е дека општините можат со мораториум да го сопрат извршувањето на Деталните урбанистички планови, ако одлучат дека им е потребна ревизија. „Советот …

Богдановиќ: Секој ДУП може да се поправи со нов ДУП Read More »

Почна наставата за учениците од ОУ „Гоце Делчев“


Една недела од почетокот на учебната година почна наставата и во ОУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар за речиси петстотини ученици. Изминатава година училиштето се реновираше, ама градежните зафати ги пробија роковите. На трети септември дечињата дојдоа на училиште, меѓутоа истиот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе одлука за одложена примена на објектот, поради …

Почна наставата за учениците од ОУ „Гоце Делчев“ Read More »

До мај ќе трае мораториумот за градба во Центар


Уште два месеца ќе биде на сила мораториумот за градба во општина Центар, информираат од Општината. По предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ утре Советот на Општина Центар, ќе одлучува за продолжување на одлуката за запирање на спроведувањето на 31 детален урбанистички план односно и до мај  да не се издаваат дозволи за градба. „Мораториумот се …

До мај ќе трае мораториумот за градба во Центар Read More »

Богдановиќ строго ќе ја контролира изградбата на нови објекти на Водно


„Нема да дозволам на места како за скокалници да се градат станбени објекти“, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ по средбата со директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија(ИЗИИС), Влатко Шешов. На средбата разговарале за состојбата на објектите на Водно и реонот, пред се за нивната безбедност и евентуалните последици во …

Богдановиќ строго ќе ја контролира изградбата на нови објекти на Водно Read More »

Богдановиќ парично ќе ги награди граѓаните што ќе ги откријат трујачите на кучиња


Општина Центар и полициската станица Центар апелираат граѓаните да им помогнат во откривањето на луѓето кои фрлаат отров против кучињата во Скопје. Како што рече денеска на прес-конференција градоначалникот Саша Богдановиќ, предвидени се и парични награди за граѓаните кои ќе пријават или достават каков било релевантен податок. – Отров се расфрла веројатно по 20 часот …

Богдановиќ парично ќе ги награди граѓаните што ќе ги откријат трујачите на кучиња Read More »