Воз преполови автобус, тројца мртви меѓу нив и дете


Повторно ужасна несреќа во Србија, повторно загинаа најмалку тројца, а меѓу нив и дете. Српскиот Курир пишува дека утринава во село Долно Меѓурово кај Ниш се судриле  воз и автобус, кој буквално се поделил на пола. Најмалку на лице место загинале три лица, 6 лица се тешко и 16 полесно повредени. Меѓу загинатите има и …

Воз преполови автобус, тројца мртви меѓу нив и дете Read More »

Полицаец загина во железничка несреќа


Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи. – Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски …

Полицаец загина во железничка несреќа Read More »

Рашковски ги посети повредените македонски државјани, Филипче на пат


Македонската Влада води грижа за своите граѓани, независно каде тие се наоѓаат и затоа сме денеска тука за да помогнеме колку што може да се ублажи несреќата, порача во изјава за МИА генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој вечерва пристигна во Лесковац, каде во локалната болница се сместени дел од повредените. Три лица загинаа, …

Рашковски ги посети повредените македонски државјани, Филипче на пат Read More »

Италија: Во клубот имало повеќе гости од дозволеното


Бројот на посетители во ноќниот клуб во италијанскиот град Кориналдо, каде во стампедо загинаа шест лица, бил над максимално дозволените, согласно пропишаните безбедносни стандарди, изјави денеска министерот за внатрешни работи Матео Салвини. – Инспекторите веруваат дека во клубот имало повеќе луѓе од дозволеното. Неприфатливо е некој да загина на 14-годишна возраст, истакна Салвини. Тој додаде дека …

Италија: Во клубот имало повеќе гости од дозволеното Read More »

Автомобил усмрти 70-годишен велосипедист


 Велосипедист почина, откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Несреќата се случила вчера околу 17:40 часот, кога патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот  Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско. Т.С.  починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена …

Автомобил усмрти 70-годишен велосипедист Read More »

МНР потврди: Осум македонски државјани повредени во Австрија


Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Австрија има повредено и македонски државјани. Две лица со потешки и осум со полесни повреди се здобиле по судир на македонски автобус, во кој се превезувале 18 патници и камион. Тешко повредените не се во животна опасност, велат од МНР. …

МНР потврди: Осум македонски државјани повредени во Австрија Read More »

Битолчанец се повредил при пад со параглајдер


Битолчанецот С.М. (47), кој летал со параглајдер, вчера се повредил откако паднал во близина на село Острилци, крушевско. Полицијата соопшти дека вчера околу 15:50 часот во Полициска станица Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден С.М.(47) од Битола кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ …

Битолчанец се повредил при пад со параглајдер Read More »

Тинејџер загина кај Визбегово


Тинејџер од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 2.30 часот на улицата „Јадранска магистрала“ кај Визбегово. Управувајќи автомобил „мерцедес“, Д.К. (18) изгубил контрола и излетал од патот. Возачот загинал на самото место, додека другите двајца сопатници се здобиле со повреди и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата. …

Тинејџер загина кај Визбегово Read More »

(Видео) Драма кај ТЦ „Скопјанка“: Непријатен мирис во зграда, полицијата ги евакуира станарите


Непријатна миризба ги извади надвор станарите на зградите во склоп на тц „Скопјанка“ во населбата Аеродром. Драмата почнала околу 15 часот, по што биле повикани припадниците на МВР и на Противпожарната единица. Станарите сведочат дека се спушта чад што предизвикува штипење во очите. Од МВР потврдуваат дека добиле пријава од граѓани, но се уште се …

(Видео) Драма кај ТЦ „Скопјанка“: Непријатен мирис во зграда, полицијата ги евакуира станарите Read More »

(ФОТО) Нова несреќа во Аеродром: Излета моторциклист


Нова сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром. Моторциклист излета од коловозот на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ кај Железничката станица, но, за среќа, барем според првичните информации, е  надвор од животна опасност. Брзата помош му укажа помош, а од голема помош е и тоа што носел шлем. И пред неколку дена имаше тешка несреќа речиси …

(ФОТО) Нова несреќа во Аеродром: Излета моторциклист Read More »

Еден загинат кај Дабиле


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА. Според првичните информации автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Елмедина ја плати со живот негрижата на возрасните


Тага, немоќ, гнев, лутина, револт… тешко може да се опишат чувствата што се мешаат кај блиските на 13-годишната Елмедина, која во вторникот попладне се удави во ископ за темели за изградба на зграда во скопската приградска населба Илинден. Тоталната нефункционалност на општинските и државните служби и запуштеноста во однос на прописите за градење и за …

Елмедина ја плати со живот негрижата на возрасните Read More »

Обвинителство: Во комбето се стиснале 23 мигранти


Јавен обвинител од Радовиш вчеравечер изврши увид на местото каде што се случи сообраќајната несреќа во која загинаа двајца мигранти. До несреќата дошло кога ТМВ „Ивеко“ со скопски регистарски таблички, со кое илегално се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и од Шри Ланка, движејќи се на магистралниот пат А-4 во правец од Радовиш кон Штип, излетало …

Обвинителство: Во комбето се стиснале 23 мигранти Read More »

Шестгодишно девојче од Струга падна од балкон и почина


Шестгодишно девојче од Струга загина во несреќа што се случи вчера околу 12 часот на улицата „ЈНА“ во Струга. Според Министерството за внатрешни работи, девојчето паднало од балкон на петти кат и починало на самото место. „Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга. Во согласност на Јавен обвинител, телото на починатата …

Шестгодишно девојче од Струга падна од балкон и почина Read More »

Загина уште еден тракторист


Шеесет годишниот М.С. од Скопје загинал вчера село Ковач, кај Македонски Брод, откако изгубил контрола над тракторот што го управувал движејќи се по шумски пат. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 13 часот, а се случил во атарот на с.Ковач-Македонски Брод. – М.С.(60) од Скопје движејќи се со трактор по шумски земјен …

Загина уште еден тракторист Read More »

Турски државјанин загина кај Тетово


Дваесет и двегодишен турски државјанин денеска загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар. Како што соопштија од МВР, патничко моторно возило марка „Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека …

Турски државјанин загина кај Тетово Read More »

Најмногу се гине во сабота


Шеесет и петгодишна жена од Битола и 69-годишен кумановец се најновите жртви на македонските патишта. Тие загинаа во саботата околу 11 часот во сообраќајна несреќа што се случи во близина на селото Ропотово на регионалниот пат од Прилеп до Македонски Брод. Уште три лица се повредени во судирот меѓу три возила, соопшти полицијата. Најмногу се …

Најмногу се гине во сабота Read More »

Моторџија загина на „Првомајска“


Триесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Според полицијата, Е.С. (38), управувајќи со мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и се превртел на патот. „Од здобиените повреди, починал на лице место“, информираат од МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош. По увидот, …

Моторџија загина на „Првомајска“ Read More »

Четворица повредени кај Расадник


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода. Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички. – Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто …

Четворица повредени кај Расадник Read More »

Скопјанец повреден во експлозија


Скопјанецот М.С. (64) се бори за живот откако бил повреден во експлозија. Инцидентот се случил вчера околу 14.45 часот на улицата „Бриселска“ во Скопје кога М.С. бил работно ангажиран кај сопственикот на куќата и во моментот заварувал. Се слушнала експлозија, избувнал оган, кој бил изгаснат од соседите, а работникот итно бил пренесен во Клиничкиот центар. …

Скопјанец повреден во експлозија Read More »