Прегазено 11-годишно девојче во Велес


Девојче на возраст од 11 години, се здобило со тешки телесни повреди, откако автомобил налетал на неа во Велес.
Во неделата, околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.