Прегазен 92-годишен пешак од Скопје


Деведесет и двегодишен скопјанец е прегазен од автомобил во несреќа што се случила вчера околу 15 часот на крстосницата од улиците „Банско“ и „Рилски Конгрес“ во Скопје. Од полицијата информираат дека С.И. (52) од Скопје, управувајќи „даеву матиз“, удрил во пешакот С.С. (92), нанесувајќи му тешки телесни повреди.

„Повредениот итно е пренесен во Ургентниот центар при комплексот ‘Мајка Тереза’. Се истражуваат причините за несреќата“, велат од полицијата.