Најмалку шест рудари загинаа во автобуска несреќа во Сибир


Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени кога автобус кој превезувал рудари на работа паднал во бездна во западниот сибирски регион Кемерово, соопшти локалната полиција.

Во несреќата се повредени 16 лица, од кои неколкумина потешко.

Според полициски извори, до несреќата веројатно дошло затоа што возачот загубил контрола врз автобусот.

Претставници на рудникот Распадски потврдија дека се случила сообраќајна несреќа со автобус кој возел рудари на смена, додавајќи дека сите патници работеле во нивниот рудник