Се чека кран да го подигне автобусот што се преврте кај Ласкарци


Заврши увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 14 патници во автобусот на „Дурмо-турс“, а 32 се повредени. Сега се чека да стигне кран што ќе го подигне автобусот и ќе го однесе на вештачење.

Инспекторите досега ги утврдуваа околностите под кои се случила несреќата и ги обележуваа трагите на кочење. На местото на несреќата има многу полиција и локални жители.

Се очекува во текот на денот или утре јавното обвинителство да соопшти повеќе детали за несреќата.

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај, но се уште е затворен за сообраќај стариот пат Скопје –Тетово, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

На автопатот Скопје – Тетово од изутрината се вршеше увид на местото на синоќешната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица.

Автобусот на Дурмо турс кој излета од патот сообраќал на релација Скопје-Гостивар.