Власта и опозицијата без договор за лидерска средба


Власта и опозицијата се без договор за Законот за јавното обвинителство, за пописот и за Изборниот законик. Додека премиерот Зоран Заев изрази очекување дека во скоро време ќе биде договорена средба, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со став дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата. Засега нема …

Власта и опозицијата без договор за лидерска средба Read More »

Мицкоски: Потребни се итни избори, контактирам со Ахмети


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш повтори дека опозицијата е под политички терор од страна на власта. Во интервју за „Алсат“, тој спомена неколку случаи во кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле „жртва на политичкиот прогон“, но партијата е спремна овој притисок да го издржи. Мицкоски напомена и неколку корупциски и криминални скандали во …

Мицкоски: Потребни се итни избори, контактирам со Ахмети Read More »

Мицкоски: Заев донесе црн рекорд во економијата, а ќе биде и полошо


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени како катастрофална економската политика на владата и оцени оти поразите и измамите на Зоран заев и неговиот тим се секојдневие. „По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите четири месеци, поразителни се и бројките за странски директни инвестиции. Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 …

Мицкоски: Заев донесе црн рекорд во економијата, а ќе биде и полошо Read More »

Коневски: Не е време за превирања и оставки, Мицкоски да се доближи до странците и до Албанците


Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, не сака да избрзува со заклучоци по вториот изборен круг од претседателските избори, во кои ВМРО-ДПМНЕ, односно Гордана Силјановска-Давкова освои речиси 380.000 гласа или 60.000 помалку од  Стево Пендаровски. Вели дека партијата треба да направи детална анализа и да види кои работи биле добри, а кои не чинеле и …

Коневски: Не е време за превирања и оставки, Мицкоски да се доближи до странците и до Албанците Read More »

Мицкоски го пречкрта СЈО, власта ќе брка 80 гласа како за името


Владата е подготвена да собира 80 гласа во парламентот што ќе му го продолжат животот на Специјалното јавно обвинителство доколку ВМРО-ДПМНЕ остане на тврдиот став дека Катица Јанева и нејзиниот тим можат да бидат само дел од Јавното обвинителство. Кампањата за претседателските избори ги запре средбите меѓу работните групи на власта и на опозицијата, а …

Мицкоски го пречкрта СЈО, власта ќе брка 80 гласа како за името Read More »

Мицкоски: Ја победивме „хотел коалицијата“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Гордана Силјановска – Давкова на првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека народот бил сам против власта, односно против „хотел коалицијата“, како што ги оквалификува СДСМ и ДУИ. Мицкоски ги наброја Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Илинден, Аеродром, Битола, Охрид, Штип… и уште десетина градови низ земјава каде …

Мицкоски: Ја победивме „хотел коалицијата“ Read More »

Силјановска со парафот на Северна ги потпишува „натпартиските“


Македонија влегува во втората третина од кампањата за претседателските избори, чиј прв круг е закажан за 21 април. Реториката се заострува, политичките партии ги потиснуваат кандидатите за претседател, кои се обидуваат да остават слика на академски граѓани и колеги, кои ги прифатиле партиските машинерии како нужно зло. Свесни дека ширењето негативни информации за политичкиот противник …

Силјановска со парафот на Северна ги потпишува „натпартиските“ Read More »

Косана Мазнева се врати како советник на Мицкоски


Изминатиов период, поранешната пратеничка Косана Мазнева, сè почесто може да се забележи во првите редови на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ или во активностите на кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова. По апстиненцијата од политичките случувања, таа е работно ангажирана во кабинетот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, потврдуваат од најголемата опозициска партија. Мазнева е назначена за координатор …

Косана Мазнева се врати како советник на Мицкоски Read More »

Мукоски: Не сум размислувал за враќање во ВМРО


Понеделничката средба за иднината за Специјалното јавно обвинителство меѓу лидерот на опозицијата и осумте пратеници, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, доби неочекуван заплет откако Христијан Мицкоски им ја подотвори вратата за нивно враќање во партијата. На осумката што во последен момент ја „предаде“ партијата, како што беа обвинети по гласањето …

Мукоски: Не сум размислувал за враќање во ВМРО Read More »

Мицкоски ги викна „независните“ поради Катица


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со осумчлената независна пратеничка група. Изненадувачкиот состанок се одржа во Собранието, а бил по иницијатива на лидерот на опозицијата. „На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија“, велат „независните“. Станува збор за осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата …

Мицкоски ги викна „независните“ поради Катица Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави Силјановска во Брисел


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова денеска имаа средба во Брисел со европратеникот и известувач на Европскиот парламент за нашата земја, Едвард Кукан, како и со европратеничката Маријана Петир. На средбата, Мицкоски посочил дека во Македонија е загрозена правната држава и владеењето на правото и оти се соочуваме …

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави Силјановска во Брисел Read More »

Власта и опозицијата се усогласуваат за идниот статус на СЈО


Во Министерството за правда во тек е првата средба на која власта и опозицијата ги усогласуваат ставовите околу предлог законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство, кој е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија. Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска пред средбата во изјава …

Власта и опозицијата се усогласуваат за идниот статус на СЈО Read More »

Заев: Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за СЈО


Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се зајакне Специјалното јавно обвинителство и тоа да стане дел од редовното обвинителство со сите негови капацитети што ги има,смета премиерот Зоран Заев во врска претстојните партиски работни групи за статусот на СЈО. „Кој сум јас и кој …

Заев: Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за СЈО Read More »

По американската и германската амбасада ги осуди изјавите на Мицкоски


Германската амбасада, како и американската вчера, ги осуди изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кои стави паралела меѓу Нирнбершките процеси  и судењата на Митко Чавков и другите инволвирани во настаните од 27 април. За амбасадата тие споредби се неприфатливи и со нив се минимизираат делата на наци-злосторниците. -Споредбата на постапките на правосудните служби …

По американската и германската амбасада ги осуди изјавите на Мицкоски Read More »

Ременски прашува каде му е логиката на Мицкоски да го спореди „27 април“ со Нирнбершкиот процес?


Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, му препорачува на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да прочита малку повеќе за судењата во Нирберг по Втората светска војна. Во интервју за ТВ Алфа, Мицкоски вчера го спореди случајот за 27 април, со Нирнбершкиот процес каде им се судеше на нацисти кои биле поставени на водечки позиции за време …

Ременски прашува каде му е логиката на Мицкоски да го спореди „27 април“ со Нирнбершкиот процес? Read More »

Заев: Со Мицкоски имаме различни ставови во однос на СЈО


Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека oчекува квалитетно законско решение за Специјалното јавно обвинителство во кое сите ќе веруваат. Тој истакна дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имале различни ставови во однос на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за тимот на обвинители во …

Заев: Со Мицкоски имаме различни ставови во однос на СЈО Read More »

Мицкоски бара смена на Катица, Заев не ја дава


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители станaа главен камен на сопнување меѓу премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Двајцата се сретнаа во неделата вечерта во Владата и се договорија да се договорат како ќе се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, со оглед …

Мицкоски бара смена на Катица, Заев не ја дава Read More »

Средба Заев-Мицкоски, ќе разговараат за претседателските избори и реформските закони


Премиерот и лидер на СДСМ вечерва во 20 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што најави Заев, ќе бидат теми за разговор на средбата. Според Заев, за оваа средба нема потреба од …

Средба Заев-Мицкоски, ќе разговараат за претседателските избори и реформските закони Read More »

Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека в недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и дека на неа ќе се зборува за три клучни прашања – претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство. –Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. …

Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела Read More »

Мицкоски: Зад изборот на Пендаровски за претседателски кандидат стои Заев


Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Охрид, на средба со граѓаните на Градскиот пазар. -На пазарот владее траорна атмосфера, сите пазарџии се жалат. Сите законски решенија што Владата ги донесе се на штета на пазарџиите, наместо решенија тие понудија одлагања. Ние како партија ќе се обврземе да донесеме законско …

Мицкоски: Зад изборот на Пендаровски за претседателски кандидат стои Заев Read More »