Заев: Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за СЈО


Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се зајакне Специјалното јавно обвинителство и тоа да стане дел од редовното обвинителство со сите негови капацитети што ги има,смета премиерот Зоран Заев во врска претстојните партиски работни групи за статусот на СЈО.
„Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога во Македонија има Совет на јавни обвинители и таму е изборот на оваа обвинителска власт“, одговори Заев на прашање дали смее на политичка партија да ѝ се допаѓаат или не обвинители.
Тој рече дека единственото што го знае од ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е дека не му се допаѓа Катица Јанева и актуелниот тим на СЈО.
„А дали не му се допаѓаат истражителите, администрацијата и останатите од СЈО, навистина не знам. Како што и не знам дали не му се допаѓаат и други делови од предлог законот, а тој е прекрасен закон, оценет со највисоки оценки и одобрувања од Венециската комисија и од други меѓународни фактори“, рече Заев.
Заев смета дека ако опозицијата реши да не гласа за овој системски закон, кој се носи со двотретинско мнозинство, треба да се продолжи по старо со постоечките закони, бидејќи, според него, Република Северна Македонија мора да се постави на цврсти правни основи и мора да ја биде, одрекувајќи повторно дека се работи за пазарење за сторен криминал во минатото и спасување на некои поранешни или сегашни функционери.
Заев сведочеше на судско рочиште каде се јавува како оштетен поради закани упатени на „Фесјбук“ од 2016 година.