Косана Мазнева се врати како советник на Мицкоски


Изминатиов период, поранешната пратеничка Косана Мазнева, сè почесто може да се забележи во првите редови на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ или во активностите на кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова. По апстиненцијата од политичките случувања, таа е работно ангажирана во кабинетот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, потврдуваат од најголемата опозициска партија. Мазнева е назначена за координатор за политички партии и НВО-секторот.

Косана Мазнева (46) беше пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во два мандата во периодот од 2008 до 2014 година. Покрај тоа, беше и претседател на Унијата на жени. Во тоа време ѝ се случи голема семејна несреќа кога почина нејзиниот сопруг, со кој има две деца. Потоа повторно се омажи, ја роди третата ќерка и целосно му се посвети на мајчинството. Во меѓувреме, беше дел од Програмскиот совет на МРТ.

Во ВМРО-ДПМНЕ за неа како професионалец имаат исклучително пофални зборови, ја вбројуваат меѓу најуспешните нивни пратенички и потенцираат оти е заслужна за реформирањето на Унијата на жени. (Г.А.)