По американската и германската амбасада ги осуди изјавите на Мицкоски


Германската амбасада, како и американската вчера, ги осуди изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кои стави паралела меѓу Нирнбершките процеси  и судењата на Митко Чавков и другите инволвирани во настаните од 27 април. За амбасадата тие споредби се неприфатливи и со нив се минимизираат делата на наци-злосторниците.

-Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна. Со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците. Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за Нирнбершките процеси се целосно неприфатливи, стои во реакцијата на амбасадата на Герамнија во Скопје.

За очекување е дека по овој голем гаф на Мицкоски ќе има уште вакви реакции, откако во вчерашното објаснување призна дека дал несреќна изјава, но толкувајќи го контекстот и натаму бараше заеднички поенти од нашиот случај  на 27 април и овие историски судења.