Аеродромци сакаат титули дома, но и влез во елитата на Јадранот


МЗТ Скопје против Слобода од Тузла ја отвора сезоната во кошаркарската АБА2 лига. Откако лани несреќно загубија од Задар и не успеаја да се пласираат во најелитното клупско регионално натпреварување, аеродромци ќе се обидат годинава да ја освојат второлигашката конкуренција. Сепак, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Свесни се за тоа …

Аеродромци сакаат титули дома, но и влез во елитата на Јадранот Read More »

Аргентина сопрена во финалето, Шпанија нов светски првак


Шпанија одржа вистинска кошаркарска лекција и ја совлада Аргентина со 95-75 (23:14, 20:17; 23:16, 29:28) по што триумфира со светската титула по втор пат во својата историја. Кошаркарите на Серџо Скариоло ја одиграа финалната средба во Пекинг на совршен начин, исполнувајќи го на најдобар начин тактички план на нивниот италијански селектор и заслужено повторно го …

Аргентина сопрена во финалето, Шпанија нов светски првак Read More »

Франција ја заби Америка: Десет разлика за полуфинале со Аргентина


Франција ги елиминираа САД од четврфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина. „Триколорите“ славеа со 89-79, со што обезбедија меч против Аргентина во полуфиналето од шампионатот. За некого сензација, за други не, Франција водеше во текот на целиот меч со американскиот состав, кој беше наполнет со НБА-играчи, но далеку од најдобрите и најголемите ѕвезди, поради …

Франција ја заби Америка: Десет разлика за полуфинале со Аргентина Read More »

МЗТ Скопје Аеродром со два тима во Првата лига


МЗТ Скопје Аеродром ќе има два тима во наредната натпреварувачка сезона во Првата лига во машка сениорска конкуренција откако второлигашкиот состав се избори за пласман во елитната конкуренција. Вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром, предводена од Горан Крстевски, се надигруваше против Академија ФМП во финалната серија од Втората лига. Првиот натпревар, одигран пред четири дена …

МЗТ Скопје Аеродром со два тима во Првата лига Read More »

„Мајсторка“ во Задар: Домашните тврдат влегле во форма, МЗТ не верува


Кошаркарите на МТЗ Скопје утре од 17 часот во Задар го играат решавачкиот меч за пласман во првата АБА-лига. Резултатот од финалната серија е 1-1 и ќе одлучува „мајсторката“ во салата „Крешимир Чосиќ“. Двете екипи досега не ја искористија предноста од домашниот терен, па тоа можеби е шанса за македонскиот вицешампион да стигне до толку …

„Мајсторка“ во Задар: Домашните тврдат влегле во форма, МЗТ не верува Read More »

Антиќ ќе го враќа сјајот на македонската кошарка


Кандидатот за претседател на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ денеска ја претстави својата програма доколку го добие мандатот на претстојното Изборно собрание. Поранешниот македонски репрезентативец вети враќање на клупската и репрезентативна македонска кошарка на старите патеки. Од обемната презентација може да се заклучи дека приоритети на Антиќ доколку стане претседател на МКФ ќе бидат финансиски …

Антиќ ќе го враќа сјајот на македонската кошарка Read More »

Работнички и МЗТ убедливи, Гостивар изби на третото место


Со натпреварот меѓу домаќинот Гостивар и Куманово вечерва се комплетира второто коло од кошаркарската Супер-лига. Водечкиот тандем и најголеми фаворити за трофејот, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром постигнаа убедливи победи, додека Гостивар во драматичен дуел го победи Куманово и се искачи на третото место на табелата. Постигнати резултати: Работнички – Кожув 88:56 МЗТ Скопје Аеродром …

Работнички и МЗТ убедливи, Гостивар изби на третото место Read More »

АБА2 финале: МЗТ мора да победи за да остане во игра


Вкупно 45 поени негатива (95-72 и 93-71) донесоа во Скопје кошаркарите на МЗТ Скопје по двата финални натпревари од втората АБА-лига против Приморска во Копер. Словенците изненадувачки лесно се справија со македонскиот вицешампион и поведоа со 2-0 во серијата до три победи што значи дека само уште еден триумф им недостига да ја освојат лигата …

АБА2 финале: МЗТ мора да победи за да остане во игра Read More »

Кошаркарите на Гостивар го совладаа Кожув


Тимот на Гостивар го совлада Кожув со 70:69 во најнеизвесниот натпревар на стартот од новата сезона во Првата кошаркарска лига. Во меч со многу резултатски осцилации, гостите од Гевелија беа подобри во првите две четвртини, а во третиот период домаќините успеаа да израмнат. Клучна за победата на кошаркарите на Гостивар беше последната четвртина, која ја …

Кошаркарите на Гостивар го совладаа Кожув Read More »

На Косово да му вратиме за лани


Спортските обложувалници ја сметаат македонската репрезентација за убедлив фаворит во денешното гостување во Приштина на стартот од втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. За победа на Македонија е изложен коефициент од 1.45, а за домаќинот речиси двојно. Но, така беше и лани во август при минатите претквалификации, па Косово забележа изненадувачка победа …

На Косово да му вратиме за лани Read More »

Тага во Словенија: Секси „змајчиците“ се пензионираат


Утревечер во Арената „Стожице“ во Љубљана, словенечките кошаркари Сани Бечировиќ и Боштјан Нахбар ќе го одиграат прошталниот меч во спекатклот со име „Кошаркарска симфонија“. Ќе присуствуваат големи играчи како Белинели, Јасикевичиус, Радуљица, Планиниж, Никола Вујчиќ и тренерите Саша Ѓорѓевиќ, Жељко Обрадовиќ, Јуре Здовц… Но, тоа нема да само збогување на двајца играчи. Последен пат ќе …

Тага во Словенија: Секси „змајчиците“ се пензионираат Read More »

По девет години, титулата се врати во „Градски парк“


Работнички е новиот шампион на Македонија, откако и во третиот натпревар од финалната серија го совлада МЗТ Скопје со 87:84. Работнички во првото полувреме не ја искористи предноста на домашниот терен во „Градски парк“ и МЗТ Скопје ја имаше иницијативата на теренот, што пак се одрази резултатски. Гостите од Аеродром имаа водство во текот на …

По девет години, титулата се врати во „Градски парк“ Read More »

Кошаркарска суперлига: Работнички го преслуша Куманово, МЗТ Скопје се реваншира на Гостивар


Лидерот Работнички и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром забележаа победи во 8. коло од кошаркарската Супер лига. Работнички во „Градски парк“ го победи Куманово со 109:76 и му се реваншира за единствениот пораз доживеан досега сезонава во македонското првенство. Шампионот МЗТ Скопје не дозволи по втор пат да биде изненаден од Гостивар на гостувањето во …

Кошаркарска суперлига: Работнички го преслуша Куманово, МЗТ Скопје се реваншира на Гостивар Read More »

Реал против ЦСКА во Белград


Екипите на Реал Мадрид и ЦСКА Москва ка комплетираа „четворката“ која ќе игра на завршниот турнир од кошаркарската Евролига, откако синоќа во драматични натпревари беа поуспешни од своите ривали во четвртфиналето. Реал на домашен терен го совлада Панатинаикос со 89:82 за вкупно 3-1 во серијата. Гостите од Атина се вратија резултатски од големата негатива (22 …

Реал против ЦСКА во Белград Read More »

Србиновски суспендиран и парично казнет за инцидентите во Гостивар


Тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски, е суспендиран на два натпревари и доби парични казни во вкупна вредност од 88 илјади денари поради инцидентите на натпреварот против Блокотехна во првото коло од Суперлигата. Од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) наведуваат дека на натпреварот во Гостивар поради втора техничка грешка и крајно некоректно однесување на мечот, Србиновски бил …

Србиновски суспендиран и парично казнет за инцидентите во Гостивар Read More »

Синовец се врати во МЗТ Скопје, си замина Мајсторовиќ


Српскиот интернационалец Стефан Синовец од денеска е нов член на МЗТ Скопје што претставува негово четврто враќање во клубот од Аеродром. Тој претходно настапуваше во сезоните 2013/14, 2014/15 и 2016/17. Синовец најавува дека ќе стори се да дојде до четвртата шампионска титула со „сино-белите“. Неговиот договор е до крајот на сезоната, а тој доаѓа од …

Синовец се врати во МЗТ Скопје, си замина Мајсторовиќ Read More »

Работнички ја продолжи победничката серија, сега над МЗТ


Работнички ја забележа вечерва 19 победа од почетокот на сезоната во кошаркарската Прва лига, совладувајќи го шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Победата над лутиот ривал Работнички ја извојува во празната сала „Градски парк“, по синоќешните инциденти на дербито кое почна вчера, а беше прекинато по недоличното однесување на двете навивачки групи. Натпреварот вечерва продолжи со резултат …

Работнички ја продолжи победничката серија, сега над МЗТ Read More »

Работнички прв финалист во Купот на Македонија


Работнички е првиот финалист на завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка, откако во вечерашното полуфинале го совлада Куманово со 77:68. Нашиот најтрофеен кошаркарски тим наиде на силен отпор од мотивираната кумановска екипа, која беше рамноправен противник. Избраниците на Марин Докузовски имаа контролата во поголемиот дел од натпреварот. Но, во вториот дел покажаа пад …

Работнички прв финалист во Купот на Македонија Read More »

Летечкиот „Грик Фрик“: Антетокумпо преку Хардавеј за забивање на годината (ВИДЕО)


Лидерот на Милвоки, Јанис Антетокумпо на натпреварот против Њујорк Никс имаше спектакуларно забивање, кое Американците веќе го нарекоа „забивање на годината“. „Грик Фрик“ како што го нарекуваат Американците во контранапад по додавањето од Крис Мидлтон го прескокна Тим Хардавеј јуниор и ја заби топката во кошот. 211-сантиметри високиот Грк го заврши мечот со 23 поени, …

Летечкиот „Грик Фрик“: Антетокумпо преку Хардавеј за забивање на годината (ВИДЕО) Read More »

АБА лига: МЗТ Скопје не бега од фенерот, но дали и од втора лига?


Ако помисливте дека МЗТ Скопје Аеродром не може подолу од 13., претпоследно, место во АБА лигата се излажавте. Актуелниот македонски кошаркарски првак ја игра најслабата сезона во регионалното натпреварување. На четири кола до крајот на регуларниот дел е убедливо последен на табелата со само три победи и 15 порази и без оптимизам за препуштање на …

АБА лига: МЗТ Скопје не бега од фенерот, но дали и од втора лига? Read More »