Летечкиот „Грик Фрик“: Антетокумпо преку Хардавеј за забивање на годината (ВИДЕО)


Лидерот на Милвоки, Јанис Антетокумпо на натпреварот против Њујорк Никс имаше спектакуларно забивање, кое Американците веќе го нарекоа „забивање на годината“.

„Грик Фрик“ како што го нарекуваат Американците во контранапад по додавањето од Крис Мидлтон го прескокна Тим Хардавеј јуниор и ја заби топката во кошот.

211-сантиметри високиот Грк го заврши мечот со 23 поени, 11 скока, 6 асистнеции и 2 блока , при победата на својот тим со 103: 89.