Тага во Словенија: Секси „змајчиците“ се пензионираат


Утревечер во Арената „Стожице“ во Љубљана, словенечките кошаркари Сани Бечировиќ и Боштјан Нахбар ќе го одиграат прошталниот меч во спекатклот со име „Кошаркарска симфонија“. Ќе присуствуваат големи играчи како Белинели, Јасикевичиус, Радуљица, Планиниж, Никола Вујчиќ и тренерите Саша Ѓорѓевиќ, Жељко Обрадовиќ, Јуре Здовц… Но, тоа нема да само збогување на двајца играчи.

Последен пат ќе заиграат и легендарните „змајчици“, најсупешната словенечка танцувачка група, која во 1997 година ја основа Ирена Тробец – Хукиќ. Настапите на кошаркарскиот клуб Олимпија и на репрезентацијата добиваа друга димензија кога девојките во зелено ќе излезеа на паркетот пред мечевите, за време на тајмаутите и пуазите. Трипати беа европски првенки во категоријата спортски навивачки, седум пати го освоија националното првенство и два пати светскиот куп.

„Долго чекавме да се појави вакво нешто за да можеме да се собереме уште еднаш и да заиграме заедно. Станавме најдобри пријателки и сега ќе ја заклучиме оваа уббава приказна“, вели Тробец – Хукиќ.