Кошаркарска суперлига: Работнички го преслуша Куманово, МЗТ Скопје се реваншира на Гостивар


Лидерот Работнички и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром забележаа победи во 8. коло од кошаркарската Супер лига.

Работнички во „Градски парк“ го победи Куманово со 109:76 и му се реваншира за единствениот пораз доживеан досега сезонава во македонското првенство.

Шампионот МЗТ Скопје не дозволи по втор пат да биде изненаден од Гостивар на гостувањето во салата „Младост“. Сино-белите вечерва победија со 88:81 и направија уште еден исчекор кон втората позиција во пресрет на плејофот.

Последниот дуел од оваа рунда се игра утре во Негорци каде Блокотехна е домаќин на Охрид.

Пред одигрувањето на последните два круга, Работнички е со 59 бода и ја има обезбедено стартната позиција број 1 во полуфиналето од плејофот. За второто место се борат МЗТ Скопје кој во моментов има 52 бода и Блокотехна која е со 50 бода и натпревар помалку. Куманово е четврти со 49 бода и тоа е последната екипа која ќе разигрува за трофејот. Гостивар е претпоследен на табелата со 45 бода, Охрид има 40 и натпревар помалку.