Њу Делхи се пече на 49 степени Целзиусови


  Индија се најде на удар на топлотен бран, а во Њу Делхи измерени се 49 степени Целзиусови. Интензивниот топлотен бран ги зафати северните делови на Индија, а температурата достигна рекордни 49,2 степени Џелзиусови во делови од главниот град Њу Делхи. Метеоролошките извештаи покажуваат дека ова е петти топлотен бран во индиската престолнина ова лето, …

Њу Делхи се пече на 49 степени Целзиусови Read More »

Индија со рекордни 1,4 милиони тони извоз на пченица во април


Индија во април извезе рекордни 1,4 милиони тони пченица, според четири трговски извори, со оглед на тоа дека купувачите бараат алтернативни решенија, по блокадата на извозот од црноморскиот регион поради војната во Украина, јавија странски медиуми. Во април минатата година, Индија, вториот најголем производител на пченица во светот, извезе само 242.857 тони. Април е првиот …

Индија со рекордни 1,4 милиони тони извоз на пченица во април Read More »

Кина се определи за Русија, а ЕУ се сврте кон Јапонија и Индија


  Додека Кина го удвојува своето стратешко партнерство со Русија, Европа бара сојузници на друго место во Азија. Следната недела, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, се очекува да отпатуваат во Токио за да бидат кодомаќини на самитот ЕУ-Јапонија, изјавија двајца дипломати кои сакаа да останат анонимни, …

Кина се определи за Русија, а ЕУ се сврте кон Јапонија и Индија Read More »

Пожар во фабрика во Индија, загинаа шестмина


  Во пожар во хемиска фабрика во јужна индија загинаа најмалку шест луѓе, а 12 се повредени, јави Ројтерс. Ова е втора несреќа во хемиска фабрика оваа недела, а можно е да има и повеќе повредени. Снимките од местото кои ги доставиле владините функционири покажуваат голем пожар, со најмалку две тела како лежат на подот …

Пожар во фабрика во Индија, загинаа шестмина Read More »

Наставничка уапсена поради сексуално злоставување ученици во Индија


Наставничка од Индија сексуално злоставувала тројца 16-годишни ученици од училиштето во коешто работела и заврши в затвор, објавија тамошните медиуми. Единицата за кибер-криминал во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду покрена истрага против 42-годишната жена откако на интернет се појави видео од оргијата. Полицијата утврдила дека снимката ја направил нејзиниот партнер. Човекот веќе признал дека …

Наставничка уапсена поради сексуално злоставување ученици во Индија Read More »

Тринаесет лица загинаа откако паднаа во бунар на свадбена прослава во Индија


Тринаесет лица загинаа, сите жени и деца, откако паднаа во бунар за време на свадбена прослава во северна Индија, соопштија денеска официјални лица. Жртвите стоеле на метален лим што го покривал бунарот, гледајќи ја церемонијата халди, еден од многуте ритуали, кои се дел од хинду венчавка, за време на која куркума се мачка на невестата …

Тринаесет лица загинаа откако паднаа во бунар на свадбена прослава во Индија Read More »

Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на Ковид-19


 Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 333.533 новозаразени со корона вирусот и 525 смртни случаи. Според владини податоци, во земјата четврти ден по ред се пријавуваат повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирус дневно. Од почетокот на пандемијата во Индија од Ковид-19 починале 489.409 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на оваа година, во …

Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на Ковид-19 Read More »

„Галантна Индија“- концерт во Филхармонија со американската виолинистка Силверштајн


Во четврток (20.01), во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан Жорж) …

„Галантна Индија“- концерт во Филхармонија со американската виолинистка Силверштајн Read More »

Речиси 70 отсто патници од авион што слетал во Индија од Италија се позитивни на коронавирусот


Иако морале да достават негативен тест за Ковид-19 за да се качат на лет, речиси 70 отсто од патници на авион што летал од Милано до Амритсар, се со позитивен тест за коронавирус при пристигнувањето вчера попладне во Индија, јави ДПА. По пристигнувањето, 160 возрасни патници биле повторно тестирани, а 125 тестови биле позитивни, објавија …

Речиси 70 отсто патници од авион што слетал во Индија од Италија се позитивни на коронавирусот Read More »

Индија за увоз на злато потрошила 55,7 милијарди долари


Индија во 2021 година на увоз на злато потрошила рекордни 55,7 милијарди долари, во услови на силно закрепнување на побарувачката на овој благороден метал поттикната од падот на малопродажните цени и укинувањето на забраната за свадби поради пандемијата. Владата лани увезла 1.050 тони злато, многу повеќе од двојно од 2020 година, а во потрошувачката на …

Индија за увоз на злато потрошила 55,7 милијарди долари Read More »

Расте бројот на нападите врз христијаните во Индија


  Празничните прослави беа прекинати, статуи на Исус беа искршени, а фигурите на Дедо Мраз беа запалени во серија напади врз христијанската заедница во Индија за време на Божик. Во услови на зголемена нетолеранција и насилство против индиското христијанско малцинство, кое сочинува околу 2% од населението во Индија, неколку божикни настани беа цел на хинду …

Расте бројот на нападите врз христијаните во Индија Read More »

Како Мис Универзум ја редефинираше индиската убавина


Индија– Кога Харнааз Сандху (21) се роди во Пенџаб во 2000-тите, таа имаше генерации на индиски кралици за убавина кои ѝ претходеа, неколку од нив постигнаа успех на глобалната сцена како таа кога ја освои Мис Универзум оваа недела. Или како Сушмита Сен, која ја освои титулата Мис Универзум во 1994 година. Ајшварија Раи ја …

Како Мис Универзум ја редефинираше индиската убавина Read More »

Туристи од Индија го посетија брегалничкиот регион


Откако пред неполн месец туристи од Малта имаа прилика да се запознаат со убавините на Малешевијата, деновиве вљубеници во природата од Индија го посетија брегалничкиот регион. Според лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски, кој ја придружуваше групата од градот Бомбај, се работи за прва посета на овој регион на гости од Индија. -Во претходен договор со …

Туристи од Индија го посетија брегалничкиот регион Read More »

Индија ја поздрави одлуката на Пакистан за ослободување на пилотот


Индија денеска ја поздрави одлуката на Пакистан да го ослободи заробениот индиски пилот, чиј авион МиГ-21 беше соборен за време на судирот меѓу двете сили во областа Кашмир. Портпаролот на индиските воздухопловни сили, Р.Ј.К. Капур рече дека воздухопловните сили на Индија „се исклучително задоволни и со нетрпение го очекуваат враќањето на индискиот пилот”. Пакистанскиот премиер …

Индија ја поздрави одлуката на Пакистан за ослободување на пилотот Read More »

Пакистан ќе го ослободи индискиот пилот за состојбата да не ескалира


Пакистан е подготвен да го ослободи заробениот индиски пилот за да придонесе за смирување на затегнатоста со Индија, соопшти денеска пакистанското Министерство за надворешни работи. – Подготвени сме да го вратиме индискиот пилот ако тоа придонесе за деескалација на кризата, изјави портпаролот на пакистанското МНР Шах Мехмуд Куреши. Кризата избувна во вторникот меѓу двете соседни …

Пакистан ќе го ослободи индискиот пилот за состојбата да не ескалира Read More »

Растат тензиите меѓу Пакистан и Индија


Тензиите меѓу Индија и Пакистан продолжуваат да растат, откако двете земји во текот на ноќта разменија оган на границата во регионот на Кашмир. Еден ден претходно Исламабад соопшти дека соборил два индиски звиони и заробил пилот. Во меѓувреме, индиски и пакистански функционери пријавија дека ноќеска имало „помала размена на оган“ и гранатирање во регионот на …

Растат тензиите меѓу Пакистан и Индија Read More »

Пакистан го затвори својот воздушен простор поради конфликтот со Индија


Пакистан го затвори денеска својот воздушен простор поради опасност од поголем конфликт со соседна Индија, соопштија Управата за цивилно воздухопловство и воени претставници во земјата. Пакистанската Управа за цивилно воздухопловство (САА) потврди дека „официјално е затворен воздушниот простор до следната наредба“, а одлуката е донесена „поради ново создадената ситуација“. Сите авиокомпании се информирани за „прекин …

Пакистан го затвори својот воздушен простор поради конфликтот со Индија Read More »

Индија: На 89 се зголеми бројот починати од отровен алкохол


Најмалку 89 луѓе починаа откако пиеле отровен алкохол направен во домашни услови на североистокот на индиската држава Асам. Уште 200 други се во болница, вели надлежен за случајот. Две недели пред тоа повеќе од 100 луѓе починаа на северот на Индија затоа што пиеле токсичен алкохол. „Секои десет минути добиваме извешати за жртви од различни …

Индија: На 89 се зголеми бројот починати од отровен алкохол Read More »

Русија и Индија заедно работат на хиперсонична ракета


Во следните неколку години ќе биде лансирана хиперсоничната воздушна ракета Брамос-2, на која Русија и Индија работат заедно, објави „Независимаја газета“. Прототипот на ракетата Брамос-НГ беше презентиран на Аеро Индија 2019, од страна на руско-индиската компанија Брамос аероспејс. Според шефот на Одделението за информатички технологии во компанијата, Правин Патхак добро се одвива работата на хиперсоничниот …

Русија и Индија заедно работат на хиперсонична ракета Read More »

(Видео) Се урнаа два индиски авиони


Два авиона на индиското Воено воздухопловство се урнаа за време на реализација на фигурата „огледало“, јавија индиските медиуми. Тие, веројатно, се судриле додека маневрирале, јави телевизијата „Ѕвезда“. Авионите на акробатската група „Сурија киран“ се урнале на подрачјето на авио-базата „Јелаханка“ во Бангалор. Еден пилот загина, додека судбината на другиот е неизвесна. На местото на несреќата …

(Видео) Се урнаа два индиски авиони Read More »