Индија: На 89 се зголеми бројот починати од отровен алкохол


Најмалку 89 луѓе починаа откако пиеле отровен алкохол направен во домашни услови на североистокот на индиската држава Асам.

Уште 200 други се во болница, вели надлежен за случајот.

Две недели пред тоа повеќе од 100 луѓе починаа на северот на Индија затоа што пиеле токсичен алкохол.

„Секои десет минути добиваме извешати за жртви од различни места, До сега околу 200 луѓе се во болница, многу од нив се критично“, вели асамскиот министер за здравство Бисва Сарма за Ројтерс.

„Лекарите од блиските окрузи се занимаваат со оваа критична ситуација“, рече Сарма по посетата на пациентите во Јурхат, околу 300 км источно од дрѓавниот финансиски центар Гувахати.

Умирање од илегален алкохол е вообичаено во Индија, каде многумина немаат пари за купечки алкохол.

Последните два случаи се најмасовни по оној случај во 2011 година во Западен Бенгал, кога починаа 172 луѓе. Меѓу починатите има и жени.